„Стартап алатки“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница каде што секој ќе може да учи и да сподели практични вештини. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите.
За денешната Стартап алатка на денот одлучивме да ви ја претставиме Foundersuite – комплетна колекција од софтверски алатки и темплејти наменети за стартапи.
Овие апликации нудат повеќе можности кои ќе ви помогнат при осмислувањето и лансирањето на свој стартап, па така преку нив ќе може да проверите дали за вашата идеја има реална потреба на пазарот (Idea Validation) односно со користењето на оваа алатка ќе можете да креирате мини бизнис план за вашиот нов производ или услуга кој потоа ќе го користите за да добиете фидбек од стартап советници, потенцијални клиенти, инвеститори и тн.
Потоа имате можност да ги менаџирате инвестициите (Investor CRM), да ја следите зададената временска рамка и да ги известувате инвеститорите (Progress Tracker), како и двете нови опции Media Stalker и Competitive Matrix преку кои ќе може да водите свој PR и да ги следите вашите конкуренти.
Она што би сакале да го издвоиме е опцијата која ви ја нуди оваа комплексна алатка, односно сет од табели и темплејти дизајнирани за да ви помогнат што побрзо и полесно да отпочнете со работа, да го поделите капиталот, да регрутирате советници како и да создадете план за 12 месечно вработување.
Исто така уште една интересна можност која ја нудат Foundersuite е креирањето на бесплатен профил доколку сакате да го користите основниот пакет. Доколку пак се решите за чекор понатаму, односно да имате пристап до стартап документацијата и темплејтите, да контактирате 30 инвеститори на месечно ниво и да користите техничка поддршка, во тој случај ќе треба да одвоите 23USD од планираниот месечен буџет кои се наплаќаат еднаш годишно или пак 29USD доколку сакате да плаќате на месечно ниво.
И секако тука е TEAM пакетот кој ви нуди неограничени можности за 47USD месечно кои се наплаќаат еднаш годишно или 59USD доколку се одлучите да плаќате на месечно ниво.
Доколку се решите да започнете да ги користите апликациите на Foundersuite, можете тоа да го сторите веднаш и да креирате бесплатен профил. А потоа секако не заборавајте да ни пишете за вашето искуство со оваа апликација и дали вооптшо ви помогнала во лансирањето на вашиот стартап!
Среќно,
Brainster заедницата