Овој текст е напишан од Јулијана Николовска, Магдалена Близнаковска, Даница Попоска и Ивана Шалевска, студенти на Академијата за дигитален маркетинг во Brainster.

Работата во HR бара многу труд, но неопходно е да најдеш начин како постојано да се подобруваш и надоградуваш.

Менаџерот за човечки ресурси има важна улога во компанијата. Да се најде вистинскиот начин како сите страни да бидат задоволни во име на успехот на компанијата некогаш е предизвик. Еве неколку совети како да се бидеш подобар во твојата работа, како и колекција од бизнис алатки кои ќе ти бидат од корист на дневна база. Преземи ги алатките тука.

1. Добар однос со колегите

Кога работиш во HR се справуваш со многу бројки и статистики. Ова е нормално, но бројките не креираат силни врски. Можеби една од најважните работи кои можеш да ги направиш е да оформиш добри односи со луѓето со кои работиш.

Секторот за човечки ресурси има различен приказ, зависно од неговата репутација, така што фокусот нека ти е на создавање подобри односи со колегите. Учествувај во настаните организирани од компанијата и биди секогаш достапен за вработените.

2. Work smarter, not harder!

obuka za digitalen marketing 2

Работи паметно, а не напорно – без разлика колку се трудиш во работата, на крајот од денот е најважен резултатот, а не колку напорно си работел. Намали го напорот со користење на едноставни алатки во твоето секојдневно работење.

3. Имај добра комуникација

Изгради си добри односи со сите вработени. Комуникацијата е двонасочен процес кој често може да ги превенира проблемите пред да се појават. Затоа имај ефективна комуникација, така ќе ја подобриш репутацијата за HR департманот. Ова е нешто на кое што треба да се работи секој ден.

4. Вработувај таленти

obuka za digitalen marketing 2

Ако си менаџер, вработи ги најдобрите таленти кои се на располагање со цел да создадеш совршен тим. Ова ќе ти ја олесни работата и ќе ти помогне да ги постигнеш посакуваните резултати побрзо.

Колку повеќе врвни „играчи“ вработиш, толку поефикасен ќе биде твојот сектор. Добро е да си пребирлив, но неретко младите таленти брзо ги надминуваат очекувањата. Вложувајќи во нив, ќе добиеш одличен тим кој пораснал заедно со компанијата.

5. 1 hour rule

Добро е да ги подобруваш своите вештини, па затоа правилото на еден час е супер опција. Одвои еден час во денот и искористи го за подобрување на твоите знаења и вештини.

Еден час читање со утринското кафе

6. Постави си лични цели

obuka za digitalen marketing 2

Поставувањето лични цели како „Објави една статија годишно“ или пак „Учествувај на три конференции оваа година“ ќе ти помогнат да се развиеш како HR менаџер. Исто така, ќе ги импресионира твоите актуелни, но и идни претпоставени, со што ќе си ја подобриш позицијата во компанијата.

7. Развиј менторска програма

Преку процесот на менторство нововработените добиваат соодветен водич за личен и професионален развој.  Учат како подобро да работат. Кога имаат ефективен надзор и поддршка помалку се плашат да ја изразат својата креативност. Биди ментор и сподели го своето знаење со нововработените.

Овој текст е објавен во категоријата Дигитална Трансформација и ги содржи следните клучни зборови: совети, обука за дигитален маркетинг, човечки ресурси, менаџер, бизнис алатки, дигитална трансформација, репутација, комуникација, социјализација, департман, резултати, сектор, цели, компанија, фидбек.

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА