Производ на денот#3
„Производ на денот“ е серија од микро постови создадени со цел да ги запознаеме македонските иноватори и стартапи со интересните технолошки достигнувања кои секојдневно се појавуваат низ светот. Оваа иницијатива е нa brainster заедницата.
Производ на денот #3 BaseCamp Stove
BilLite е компанија од Brooklyn, NY која брои триесеттина инженери и дизајнери кои развиват и произведуваат навистина кул производи. Во 2012 година произведе BaseCamp Stovе, мобилна скара која освен за готвење може да се користи и за полнење на електронски уреди. Оваа скара користи дрва а отпадната топлина ја преработува во електрична енергија. BioLite е основана од Alec Drummond и Jonathan Cedar чија главна инспирација е со користење на ефикасен дизајн да решаваат реални проблеми. Првата идеја на тимот на BilLite била да создадат уред кој ќе се користи за рекреација на отворено, но подоцна сфаќаат дека нивната иновација е погодна и за употреба како домашен шпорет .
https://www.youtube.com/watch?v=0GnpuGamkyI
Популарни курсеви:
- How to Pitch–Perfect работилница
- Како да креирате CV кое ќе ве вработи
- Storytelling: Како да пишувате за странски медиум
Според податоците сеуште половина од светот готви на отворен оган, при што од издувните гасови умираат повеќе луѓе отколку од Сида и Маларија заедно. Освен кај outdoоr интузијастите кои на почетокот беа целна група на BilLite, својот производ го презентираа и како домашен шпорет и притоа ја проширија продажбата во земји како Уганда, Индија и Гана.
Со помош на електричата енергија која се произведува од отпадната топлина се напојува и вентилатор кој го подобрува согорувањето при што се намалува емисијата на јаглероден моноксид за 91%, чадот за 94% и ја намалува потрошувачката на дрво за 50%.
Дали би користеле ваква скара? Или можеби некогаш сте размислувале да развиете ваков производ.
Среќно
Brainster заедницата
Ако ви се допадна овој пост, посетете ја серијата на микро постови на овој линк. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со вашите пријатели.