Со цел да се надогради, да ги прошири своите познавања за дигитален маркетинг и да стане уште подобар, со претходно искуство во on-page SEO, Кристијан Павлоски беше дел од Академијата за дигитален маркетинг во Brainster. Го прашавме да ни раскаже за неговото искуство и како тоа му помогна. 

Како би го опишал твоето искуство на Академијата?

На Академијата за Дигитален Маркетинг си поминав одлични 6 месеци. Атмосферата која ја имаше цело време беше прекрасна. Дружбите и работењето заедно со позитивни луѓе кои секогаш имаа out of the box ideas и предавачите кои се едни од најдобрите во своите професии го прават Brainster уникатен додека работењето на реални проекти под менторство на одлични предавачи ми помогнаа да се изградам и надоградам. 

Сакаш да станеш маркетер? Уписите се во тек!

Се одлучи за Brainster како место каде што ќе го прошириш своето познавање и ќе зачекориш посигурно кон новата кариера. 

Веќе работев freelance on-page SEO кога се одлучив дека тоа е само дел од една слика која сакам да ја познавам уште подобро и дека не би бил задоволен кога би го работел само тоа. Имав неколку познаници кои веќе ги имаа посетувано Академиите на Brainster и сите беа задоволни, па по добро прегледување одлучив дека нема да барам изговори, ќе имам време и ќе се посветам 🙂
На Академијата научив многу. Кога би требало да издвојам работи што најмногу ми помогнале – ми помина тремата од јавен говор, конечно сфатив како ме ловат сите тие реклами за работи што ги сакам и како да можам да испланирам и изведам такви. Но најголем предизвик и нешто што најмногу ми се допадна беше модулот Интегрирани Маркетинг Комуникации кај Љупка Наумовска која несебично пренесе знаење кое ми ги промени гледиштата. 

Како ти е сега и дали се чуствуваш дека го постигна она што го имаше замислено?

Дефинитивно. Можеби најбитниот ден во цела моја трансформација беше денот кога ги презентиравме завршните проекти за тоа што истиот тој ден, само неколку часа порано ја имав добиено работата во Мако Маркет.
Одлично е да се работи во тим кој е посветен и ужива во нови предизвици. Работата во Мако Маркет и FMCG индустријата е возбудлива и полна со предизвици. За тоа што се работи за производи за брза потрошувачка на пазарот во Македонија, постојано даваме напори да ги прилагодиме и интегрираме дигиталните и традиционалните методи на комуникација со потрошувачите.

Ако и ти размислуваш за кариера во дигитален маркетинг, аплицирај тука!