Зошто UX дизајнoт е идеалната кариерна промена за архитектите?

Менувањето на кариера во архитектура за кариера во UX/UI дизајн во суштина претставува промена од дизајнирање на објекти во дизајнирање на дигитални продукти. 

Архитектурата е област која опфаќа планирање, дизајнирање и конструкција на структура. Архитектот е задолжен да ги креира навигацијата и ориентација во физичкиот простор. 

UX дизајнерот пак го подобрува корисничкото искуство и задоволство преку изнаоѓање патеки за максимизирање на начинот на употреба, лесниот пристап и фукционалност на дигиталниот продукт.

Така што може да се заклучи дека и во двете професии се бара креирање на беспрекорна транзиција од една до друга точка за корисниците.

Понатаму, архитектот има огромна општествена одговорност бидејќи секоја линија или крива нацртана на хартија ќе влијае на човековото движење во тој простор. Полето на UX функционира на скоро ист начин, но во 2-димензионален свет т.е. полесно движење и користење на дигиталните продукти.

Вештините на архитектот пак додаваат една поинаква перспектива кога се користат во полето на UX дизајнот. UX дизајнот за разлика од архитектурата е едно поново поле кое допрва се развива и расте.

Архитектурата и UX дизајнот дури и се спојуваат во некои полиња како на пример во изградбата на “smart cities” каде што примарна важност се дава на конекцијата помеѓу луѓето, градовите и технологијата. 

 

Прашавме неколку архитекти за сличностите помеѓу овие две професии и зошто се имаат решено за започнување на кариера во UX/UI дизајн. Еве што имаа да ни споделат…

 

Самиот пристап кон решавање на проблемот, односно креирање на проектот сметам дека е доста сличен меѓу двете професии. И како архитект и како UX дизајнер, во секоја дадена задача гледам предизвик каде што најпрво се цели да се задоволат желбите на клиентот. Потоа се прават истражувања, функционални решенија, се гледа кои се дозволените параметри, кои се крајните корисници и какви се нивните очекувања, финансиски анализи, сè со цел олеснување на животот на луѓето и поголем комфорт. Секако, тука е и креативната страна за сето тоа да изгледа убаво и добро.

Јана Пожаренкова, архитект, студент на Академијата за UX/UI дизајн.

 

„Сличноста помеѓу архитектурата и UX дизјнот ја гледам секако во тоа што и двете полиња постојат и комплетно се ориентирани кон корисникот, неговите потреби и интереси. Во архитектура има термини „форма и функција“ и мислам дека и во UX дизајн тие термини постојат (можеби под други имиња). Поради ова, сметам дека знаењето од архитектурата многу ќе ми помогне при процесот на работа со UX проекти, затоа што мислам дека процецсот како да се стигне од идеа до финален продукт е многу сличен: постои некој проблем или потреба за продукт (во архитектурата за објект), се анализираат корисниците, како тие би го користеле продуктот и на крај доаѓа визуелно преставување на продуктот. 

Дополнително, сметам дека знаењето од архитектурата многу ќе ми помогне при аналитичкиот и истражувачки процес што се прави во UX, затоа што барем на факултет многу сме посветувале време на тоа.“

Марија Гелмановска, архитект, студент на Академијата за UX/UI дизајн.

 

Наједноставно ако би требал да објаснам што е UX а што UI дизајн, би направил споредба со една зграда, каде што UX дизајнот е нејзината намена (дали таа зграда е станбена, деловна или општествена зграда) и нејзината внатрешна фунционалност, а нејзината фасада е UI дизајнот. UI дизајнот е нешто што нашето око го препознава преку боја и форма, така и таа зграда преку нејзиниот изглед можеме да препознаеме дали е станбена зграда, музеј или болница.

Марјан Димиќ- Мачка, инструктор на Академијата за UX/UI дизајн, архитект по професија

 

 

За крај, еве и 8 причини зошто ти како архитект имаш супер перспектива за UX дизајнер:

  • Дизајн процесот е идентичен. За да дизајнираш нешто како што треба најпрво треба да го разбереш проблемот. Која е крајната цел? Како го мериме успехот? Ако започнеш само да црташ без да ги одговориш и разбереш овие прашања, тогаш не креираш дизајн туку уметност. Во UX дизајнот, наместо да црташ скица, план и секции кои ги презентираш на твојот клиент, инжинер и изведувач, ти ќе создаваш wireframes и прототипови.
  • Динамиката на работење во тим е идентична. Не само што процесот на дизајнирање е идентичен, туку и процесот на работење со тим и динамиката на работење е идентична. Наместо со изведувачи и инженери, соработуваш со програмери и менаџери на продукти. Како архитект ти го застапуваш сопственикот, осигурувајќи дека објектот е направен во негов најдобар интерес. Како дизајнер на UX, ти си застапник на корисникот, осигурувајќи дека продуктот е креиран во негов најдобар интерес.
  • Имаш свежа и релевантна перспектива. Секогаш е лесно и клише да се каже дека секој од која било друга професија ќе донесе нова перспектива. Она што е посебно е тоа што перспективата на архитектот за UX е неверојатно релевантна. UX дизајнерите се дигитални архитекти!
  • Техничар си. Не техничар од аспектот на  „знам многу софтвер“, туку техничар од аспект на „знам како работите одат заедно и функционираат како целина“. Да се ​​знае доволно за да се провери или поништи теоријата е клучно значење за процесот на дизајнирање.
  • Имаш идеи кои скалираат, растат, имаат можност за раст. Архитектите треба да дизајнираат сè измеѓу мали детали на вратите до целосни градски блокови. Ти како архитект дефинираш еден дизајн јазик кој треба да се користи и за едноставни и мали објекти и големи и комплексни решенија – нешто што е од голема важност и во UX дизајнот.
  • Дизајнираш за луѓето. Како UX дизајнер секогаш го имаш најдобриот интерес за корисниците – ова бара постојано да ги слушаш, прашуваш и разбираш.
  • Секогаш имаш различно решение.
  • Секогаш си ЗА иновација!

 

Ако си архитект кому сето ова му прави смисла, тогаш дефинитвно Академијата за UX/UI дизајн е местото за тебе.

Related Stories For You