„Производ на денот“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница каде што секој ќе може да учи и да сподели практични вештини. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива, споделете со пријателите.
Без разлика дали работите во голема компанија, семејна фирма или мал стартап, состанувањето со клиенти, инвеститори и соработници е неизоставен дел од вашите работни обврски.
Доколку сте како мене, тогаш и вие сте се нашле во ситуација во последен момент да се сетите на состанокот кој сте го закажале уште од пред една недела..
Токму и затоа за денешниот Производ на денот ја одбрав апликацијата Do која ќе ни помогне во секојдневната организација на работните активности и состаноци.
Со помош на Do отсега ќе имате поголема контрола врз работниот ден, полесно ќе поставувате агенда која треба да се следи доколку сакате продуктивно да ги завршите планираните активности. Имате можност да ги споделувате приоритетите со вашите колеги, да прикачувате документи и секако да си запишувате забелешки во врска со следните состаноци.
Ова е совршена апликација доколку сакате да имате ефективни дискусии и при тоа да не изоставите ниту еден детал од одржаните средби.
Имате можност да пребарувате одредена забелешка, дел од планираната агенда, постигнати резултати, фајлови и споделени документи на сите одржани состаноци.
Со Do сте сигурни дека сите планови и предлози се зачувани. Така ќе може да се фокусирате на определената акција потребна за нивно успешно комплетирање.
Уште една корисна опција која ви ја нуди оваа апликација е Do Insights. Со помош на ова ќе имате поголема прегледност во часовите поминати на состаноци, средствата и трудот кои вашата организација ги вложува и ќе добивате персонализирани совети за тоа како да ја зголемите продуктивноста на вашата компанија.
Подобрете ја ефикасноста на вашата организација, добивајте структуиран и детален преглед на одржаните состаноци и во секое време бидете запознаени со начинот на кој вашите вработени го поминуваат времето на работа.
Се надеваме дека со денешниот избор за Производ на денот ви помогнавме поефективно да ги завршувате обврските и да не се најдете во ситуација кога во последен момент треба да се подготвувате за средбата со клиентот.
Среќно,
Brainster заедницата