Преку Мордор до ѕвездите или како да смениш кариера без да ја продадеш душата

Мојата кариерна патека може сликовито да се опише како патот на Фродо до Мордор. Многу бесцелни талкања, многу импровизации и многу моменти на себебарање. Денес ја имам таа среќа да работам нешто што навистина го сакам а истата среќа ја имаат и добар дел од моите пријатели.

Пред некои девет години решив да направам некаква крупна кариерна промена. Знаев дека тоа што го студирав никогаш нема да го работам, знаев дека тоа што го работам во моментот веќе не ме исполнува и не ми претставува никаков предизвик и знаев дека очајно ми треба некаква промена. Верувам дека повеќето од вас го имале ова чувство особено ако се земат предвид статистиките кои викаат дека само некои 20% од вработените се задоволни и инспирирани од нивната работа. А најчеста причина за незадоволство се репетитивни и досадни проекти кои не предизвикуваат воопшто. Иако за многу луѓе среќа и работа во иста реченица звучат како оксиморон, сепак тоа не значи дека се работи за нешто невозможно.

Денес ја имам таа среќа да работам нешто што навистина го сакам а истата среќа ја имаат и повеќето мои пријатели. Некои знаеле од секогаш што сакаат да работат во животот и си чекореле кон таа цел по прецизно испланирана патека, конкретно средно училиште, конкретен факултет, конкретни постдипломски. Мојата кариерна патека од друга страна може сликовито да се опише како патот на Фродо до Мордор. Многу бесцелни талкања, многу импровизации и многу моменти на себебарање. Ова е сосема нормално во ситуација кога немате јасна идеја во која насока сакате да ја развивате вашата кариера и што точно сакате да правите во животот. Тоа најдобро ќе го дознаете ако искрено одговорите на следно прашање.

Тргнете ги за миг на страна цела ситуација во која се наоѓате, финасиските предизвици и слично. Замислете дека имате целосен clean slate за нов почеток, без било какви оптоварувања и слично. Во таква ситуација, што најмногу би уживале да работите?

Ако одговорот на ова прашање е една од следниве опции – програмирање, дизајн, маркетинг или data science, тогаш верувам дека може да ви помогнам со неколку совети, бидејќи сите овие области ги истражував како опции за мојот кариерен развој, пред да се решам за една од нив. Овој краток водич треба да ви помогне да го направите правиот избор помеѓу некоја од понудените опции.

Дигитален Маркетинг

Привлечноста на Дигиталниот маркетинг како област во која многумина решија да почнат кариера се базира на неколку работи.

Прво, веќе сите имаме искуство барем со социјалните мрежи како корисници. Да почнеш да работиш на платформа на која веќе проаѓаш неколку часа во денот, во сам старт ти доаѓа природно.

Второ, од аспект на можности за креирање содржина, интеракција со широка публика, послободни форми на изразување – работењето “соушл и диџитал“ е навистина забавно во поголем дел од времето, што не може да се каже за најголем дел од другите занимања.

Трето и најважно, ова е една од најбараните вештини на пазарот. Компаниите се соочуваат со неодложна потреба да ги понудат своите услуги и да комуницираат со клиентите по дигитален пат. Tрадиционалните маркетинг сектори чија дејност беше ограничена на набавка на репрезентациски материјал, по некој настан и „општи и заеднички работи“ сега мораат да се преструктурираат и тоа на начин на кој што дигиталната трансформација ќе биде во фокусот на процесите, а тоа створи голема побарувачка за дигитални маркетери.

Платата на дигиталните маркетери не е на ниво на програмерската, но има растечки тренд, а побарувачката за овој кадар е навистина голема.

Време потребно за преквалификација: 4 до 6 месеци
Почетна плата: ~400 евра
Очекувана плата после 3 години: 800+ евра
Од каде да почнете: Курсеви за дигитален маркетинг, Академија за дигитален маркетинг,   Како до максимални резултати од Facebook кампањите – Бесплатно предавање

Програмирање (software development)

За оваа вештина е веќе кажано речиси се. Примерите што секој од нас ги има во својата околина се доволен доказ дека програмирањето долго време е најперспективната професија во Македонија. Одлична заработка, сигурна работа, можност за промена на работно место кога и да посакаат, можност да најдат работа во странство. Според LinkedIn, има над 80.000 отворени работни места за програмери во моментов.

Она што дополнително треба да се каже за програмирањето е дека не е толку комплексно да се научи колку што делува кога немате никакво искуство. Првиот чекор е да се ослободите од стравот дека нема ништо да разберете. Седнете си сами, отворете некоја од прекрасните бесплатни платформи за учење програмирање како Codecademy, почнете со HTML и CSS, и набргу ќе сфатите дека вашето „не е тоа за мене“ не држи вода.
Друга добра работа со програмирањето е дека не мора да имате амбиција да се развивате како врвен програмер кој познава еден куп програмски јазици за да дојдете до одлична плата. Областите како QA, на пример, ќе ви дозволат со мошне потесна и пократка специјализација да започнете работа која е сосема добро платена.

Време потребно за преквалификација: 6 до 9 месеци (во зависност од програмски јазик кој се учи)
Почетна плата: 500+ евра
Очекувана плата после 3 години: 1.500 евра
Од каде да почнете: Курс за HTML, CSS и JavaScript, Бесплатно предавање – Вовед во JavaScript, Академија за програмирање

Графички дизајн

Се што се префрла на интернет, си бара и соодветен визуелен израз. Во џунглата на објави на интернет, стана мошне важно за брендовите да изградат соодветен визуелен идентитет, лесно препознатлив. Истовремено, attention span-от односно времето на внимание на корисниците е драстично скратено, па од клучна важност е пораките на брендовите да пренесат што повеќе и што пооригинална содржина визуелно. Предноста на визуалот по однос на текстот овдека е јасна.

Дополнително, визуелниот изглед и корисничкото искуство (UX/UI) на веб-страниците и апликациите стана една од најважните аспекти на дигиталното присуство, а тоа е цело едно ново поле во кое графичките дизајнери можат да ги понудат своите услуги.

Од овие причини професијата графички дизајнер станува се поценета и се подобро платена. Афинитетот кон визуелното продолжува да биде мошне важен за оваа професија, но техничките предиспозиции – доброто познавање на алатките, во комбинација со огромната база на достапни ресурси на интернет можат многу да ви помогнат да ја стартувате вашата кариера на графички дизајнер.

Време потребно за преквалификација: 6 до 8 месеци
Почетна плата: 400+ евра
Очекувана плата после 3 години: 900+ евра
Од каде да почнете: Бесплатно онлајн предавање за Photoshop, Курс за Photoshop, Академија за дизајн

Data Science

Во моментов Data Science држи две доста важни титули: најбарана и најдобро платена професија. Machine learning, artificial intelligence, deep learning и big data се моментално најбараните вештини на ИТ пазарот на трудот и се the next big thing кога се работи за кариерна трансформација.

Во изминативе неколку декади човештвото доживува буквално потоп од податоци. Огромни количини најразлични податоци од најразлични извори се генерираат на дневно ниво. Поради овие причини веќе е невозможно ни огромни тимови на луѓе со помош на најсовремени компјутери истите податоци да ги обработуваат и филтрираат во корисни и употребливи информации. Тука на сцена стапува цело едно ново поле кое овозможува креирање на софтверски решенија кои им помагаат на компјутерите самостојно да анализираат и учат од тоа бескрајно море на податоци.

Примените се неограничени. Од креирање на подобри модели за предвидување на временски и климатски промени, преку совршено прецизно детектирање на разни болести до паметни асистенти во мобилните телефони со кои преку гласовна комуникација се поефикасно ги завршуваме нашите секојдневни обврски. Сето ова е само почеток на можностите кои ги нуди big data.

Голем недостиг на кадри од ова поле овозможуваат одлична преговарачка позиција за сите кои имаат макар една година работно искуство.

Време потребно за преквалификација (со претходно искуство во аналитика или програмирање): 9 до 12 месеци
Почетна плата: 800+ евра
Очекувана плата после 3 години: 2.500 евра
Од каде да почнете: Како до кариера во Data Science – Бесплатно предавањеАкадемија за Data Science

И покрај огромните можности за кариерен развој што ги носат овие 4 области, крајниот резултат секогаш зависи од вашата волја и ангажманот што сте спремни да го вложите. Ресурсите за учење се неограничени, дигиталните форуми и заедници се тука да ви помогнат, ваше е да ги искористите и да започнете нова кариера која ќе биде перспективна и отпорна на промените што ги носи времето. И пред се треба добро да размислите што навистина сакате да работите и која е вашата вистинска пасија. Ако овој текст ви помогне во тоа, без да го минувате патот кој јас го минав – од збунет талкач во потрага по работа до професионален content creator кој ужива во работата – ќе бидам мошне среќен.

Related Stories For You

Trending Stories That Might Interest You