„Стартап алатки“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница каде што секој ќе може да учи и да сподели практични вештини. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите.
Сигурно сите сме се нашле во ситуација кога се загледуваме во мобилниот телефон запоставувајќи ја околината или работните обврски.. Сето тоа е безопасно се додека не ни попречува во остварувањето на целите кои ги имаме во поглед на работните обврски или запоставување соговорникот. Доколку и оваа ситуација ви е доволно позната, ви препорачуваме да започнете со користење на апликацијата Forest.
Како што кажува и самото име на апликацијата – целта е да засадите дрво кое ќе расте се додека останете фокусирани на вашата работа без да проверувате што има ново на вашиот смартфон. Одлична апликација за стартапи нели?
Се што треба да направите и да засадите семе секој пат кога ќе започнете со работа. Од семете ќе порасне дрво само доколку останете во апликацијата минимум 30 минути. Во случај да се оттргнете за да проверите што се случува на Facebook или да ја доиграте започнатата игра, вашето засадени дрво ќе овене. Ова чувство на одговорност и и успех ќе ви даде дополнителна мотивација да останете фокусирани и да ги завршите работните обврски.
И секако дека оваа апликација не се однесува само за стартапи.. Можете да ја користите во секое време и во ситуации кога сакате поефективно да го потрошите вашето време.
Ние одлучивме да ја споделиме со вас оваа Стартап алатка бидејќи сметаме дека е корисна апликација која ќе ни помогне да посветиме доволно внимание и време на пријателите, полесно ќе се фокусираме на учењето и ќе имаме поголема мотивација да ги завршиме работните обврски без да проверуваме што има ново на социјалните мрежи.
Што велите вие за оваа идеја?
Среќно,
Brainster заедницата