Како да ја изберам правилната кариера додека студирам?

Бескрајно слободно време, звучи супер!

Додека си на факултет имаш толку слободно време што можеш да спиеш до 12, можеш да гледаш ТВ до 2 ноќеска, да излезете со друштвото во понеделник, вторник (било кој ден од неделата) и единствена работа за која се грижиш за утрешниот ден ти е; Кај да излезам на кафе? Одлична е дружбата со пријателите, колегите, друштвото во маало,  и сето тоа  не ти претставува пречка за утрешниот ден, бидејќи ТИ си тој што управува со своето време.

Дали си ги поставуваш прашањата за иднина?

stocksnap_46bmyp2bdj_easy-resize-com

Но што кога ќе завршиш со факултетот, дали си размислувал за тоа?, Што ќе работиш?, Дали ќе можеш да се издржуваш?, Дали ќе можеш да излегуваш со пријателите? Односно што кога ќе се разбудиш во реалноста, и кога  ќе треба да работиш за да можеш да си ги исполниш своите потреби.

Сигурно ќе се запрашаш што да правам додека студирам, кога ке дипломирам, и дали ќе можам да најдам работа која што ќе сакам да ја работам и ќе бидам успешен во тоа. Тука е и главната раскрсница, односно што ти имаш правено за време на студентските денови за кога ќе дипломираш да имаш и соодветна работа која ќе ги задоволи твоите потреби.

Велат дека најдобро се учи од искуство

manifesting-miracles-though-mentoring

Одлучувањето на кариера знае да биде тежок пат и може да постои разлика помеѓу твојот сон за тоа што сакаш да бидеш како дете и твојата работа од соништата. Излези малку од факултетот и оди на пракса(не на било каква пракса, тука за тоа што сакаш да го работиш/студираш) и обиди се да се изложуваш на секојдневни притисоци кои ги носи истата, бидејќи  Learning by doing – е најдобар показател за работата која што сакаш да ја имаш отколку сите прочитани книги.

Не чекај совршено време или да бидеш подготвен за да направиш некоја промена кај себе, излези од твојата комфорна зона, и оди на некој настан, посетувај некој курс, волонтирај во некоја организација, следи практична работа, имај летна работа, парт тајм работа. Секогаш размислувај за тоа што тоа ќе допринесе или ќе го збогати твоето CV и работни вештини, но најбитно е да  допринесе да се збогатиш како личност.

Не чекај поволна шанса, почни сега и Биди Ти оној кој што сакаш да бидеш!

Изгради успешна кариера, регистрирај се на kariera.brainster.co и добивај ги најдобрите огласи за работа, во твоето e-mail сандаче!

Brainster Кариера и Вработување на Linkedin

Овој текст е објавен во категоријата Кариера и ги содржи следните клучни зборови: кариера, пракса, вработување, студенти, одлуки, слободно време, книги, време, работни вештини, искуство, CV, дипломирање

Александар Караџов

14958393_704472606377690_689208259_n-2

Пројавува интерес за дигитален маркетинг, е-бизнис и веб дизајн. Сака да патува, запознава нови луѓе, учи нови култури и јазици. Слободното време сака да го поминува негде на планина или во учење нови работи.

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.