Како да го освоиш следното интервју за работа во само 5 чекори

Овој текст е дел од серијата лекции „Како до успешна кариера 101“.

Интервју за работа е како дејт на слепо – поминуваш неверојатно многу време во избирање на соодветната облека, ги вежбаш работите кои ќе ги кажеш, се обидуваш да ја покажеш најдобрата верзија од себе, и си идеш со помислата дека можеби впечатоците не биле обострани и дека нема да ти се јават за втора средба. Што направи погрешно?

Иако, се разбира, голем дел од тоа како ќе се однесуваш и кој ќе биде резултатот зависи од компатибилноста и општо твоите вештини и карактер, постојат одредени работи кои секогаш можеш да ги совладат за да си ги зголемиш шансите.

Нема (овој пат) да ти го кажеме совршениот одговор на сите незгодни прашања кои ќе ти бидат поставени, но ќе споделиме неколку насоки за генерално однесување кои дефинитивно ќе ти бидат корист.

Истражи за оној кој те интервјуира

Советот дека треба да ја истражиш компанијата за која сакаш да работиш е зборен премногу пати до сега, и со ризик да звучи манијакално, те советуваме да одиш еден чекор подалеку и да го истражиш конкретно оној кој ќе те интервјуира.

Според некои статистики, една третина од менаџерите уште во првите 90 секунди од интервјуто имаат донесено одлука дали ќе ти ја понудат позицијата или не. Тоа значи дека секоја можна информација за нивниот темперамент, карактер и вредности ќе ти биде во прилог.

Разгледај го LinkedIn профилот на менаџерот. Ако можеби досега објавиле нешто – прочитај го и пробај да донесеш заклучоци за него/неа.

Понеси две копии од твоето резиме

Ова е неопходно! Никогаш не знаеш колку луѓе ќе те интервјуираат, и не сакаш да завршиш во ситуација кога менаџерите ќе треба да си го подаваат твоето CV. Играј безбедно и понеси две или повеќе верзии од резимето.

Исклучи ги нотификациите на телефонот

blog 4 slika 2

Да, нема потреба воопшто од дискусија дека звукот на телефонот треба да го исклучиш, но последен совет од 21 век е да целосно да ги исклучиш и нотификациите. Ова е твојата прва прилика на менаџерот да му покажеш дека си сериозен за работата која ја нудат, а телефон кој засветува на секои 5 минути со Facebook нотификации и пркоси на твојата професионалност.

Увери го менаџерот дека си кулутрен колку што си професионален

blog 4 slika 3

Имај го ова на ум пред твоето следно интервју – 38% од менаџерите чија задача е вработување тврдат дека досега имаат одбиено кандидати затоа што за време на интервјуто не се смееле и не се вклулиле активно во разговорот.

Запомни дека на менаџерите денес им е подеднакво важна твојата професионалност и посветеност, колку што им е важно колку добро ќе се вклопиш во тимот и твојот карактер.

Ја сакаш работата? Кажи!

Не оставај простор за двоумење околу тоа дали навистина ја сакаш работата или не. Ако си возбуден за позицијата, тоа е одличен начин да го завршиш интервјуто – кажи му на менаџерот искрено зашто мислиш дека позицијта е одлична. Остатокот од интервјуто го помина во обид да се „продадеш себеси“, дај му на разговорот емоционална нишка со тоа што ќе ја споделиш твојата пасија.

Изгради успешна кариера, регистрирај се на kariera.brainster.co и добивај ги најдобрите огласи за работа, во твоето email сандаче!

Brainster Кариера и Вработување на Linkedin

Овој текст е објавен во категоријата Кариера и ги содржи следните клучни зборови: кариера, вработување, најди работа, kariera, vrabotuvanje, najdi rabota, како да направиш CV, работа, интервју.

Related Stories For You