Како да ги искористиш социјалните мрежи за да се вработиш

Овој текст е дел од серијата лекции „Како до успешна кариера 101“.

Време е да почнеш да гледаш на социјалните мрежи како начин да најдеш работа, а не да ја изгубиш.

Колку и да е непријатна помислата, социјалните мрежи се премногу присутни во нашите приватни и бизнис животи за да можеме да ги игнорираме. Доколку размислуваш за промена на кариера, почни да мислиш за социјалните медиуми како третата варијабила во равенката – првите две се твоите резиме и мотивациско писмо.

Мотивациското писмо објаснува зашто ти си совршениот за отворената позиција, додека резимето пружа поширок преглед на големата слика и твоите квалификации и досегашни искуства.

Социјалните медиуми се дигитални архиви кои на менаџерите кои очекуваш да те вработат не им кажуваат само што можеш да направиш – туку им покажуваат. Една од најважните работи кои еден потенцијален работодавец може да ги дознае за тебе преку твоите профили на социјални мрежи е твоето влијание и како ти можеш да го зголемиш влијанието на компанијата.

Токму затоа, доколку си во потрага по начинот да отскокнеш од конкуренцијата за работната позиција која ја посакуваш, време е да размислиш за тоа дали го користиш максимално капацитетот кој ти го пружаат социјалните мрежи и како сè можеш да ги искористиш за да напреднеш во твојата кариера.

Одржувај го твоето онлајн портфолио

3-Ways-That-LinkedIn-Drives-Revenue-for-B2B-Sales-header

Доколку работиш креативна работа (или сакаш да работиш), неопходно е да имаш твој личен веб-сајт. А денес е полесно од било кога да го направиш тоа. Твојот веб-сајт е твоето портфолио – место каде ќе ги прикажеш твоите најдобри и најнови дизајни или написи. Портфолио е подеднакво важно, а некогаш можеби и поважно, од твоето CV и мотивациско писмо, затоа што портфолиото не ги објаснува твоите квалитети и вештини – туку ги покажува. Според Workfolio, 55% од работодавците се поимпресионирани од личен веб-сајт од било која дрга алатка за „себе-продавање”.

Другата добра страна во развивањето на свој веб-сајт е што паралелно со вложувањето во свое дигитално портфолио ќе научиш и некоја веб-дизајн вештина.

Внимавај на својата мрежа на луѓе

Работодавците, од ден во ден, сè посериозно ги сфаќаат референците, а особено кога вработуваат кандидати за висока позиција. Затоа, како расте твојата кариера, толку повеќе ќе почнеш да разбираш колку е важна твојата мрежа на луѓе.

Нема да добиеш работа поради тоа што го знаеш – туку поради оние кои ги знаеш. Внимавај како ги шириш твоите познанства и секогаш воспоставувај добра врска со луѓе кои ќе ти помогнат во кариерата.

Изгради онлајн влијание

marketing, kurs

Во денешниот пренаселен бизнис свет, повеќе не е доволно да имаш диплома од добар универзитет или квалитетни вештини. Сега е потребно многу повеќе за да отскокнеш од твојата конкуренција. Покажи му ги на светот твоите неверојатни комуникациски вештини.

Да се живее во дигиталната ера значи дека твоето онлајн присуство може да биде една од причините за да добиеш нова работа. Земи ја за пример Chloe Drimal, која откако дипломираше на Yale беше една од првите кои се вработија во Snapchat. Drimal го привлече вниманието на менаџерите на Snapchat преку написот кој го напиша и објави во Yale Daily News. Приказната стана популарна, а Drimal само еден месец по завршувањето на студиите се вработи во една од најуспешните компании на декадата.

Не заборавај да ги спомнеш сите

Еден од најлесните начини да привлечеш внимание кон своите професионални достигнувања е да ги споменеш сите кои соработувале со тебе. Кога јавно го признаваш успехот на другите, не само што те прави да делуваш како тимски играч, туку ги прикажува твоите успеси на луѓе надвор од твојата мрежа.

Всушност, да ги пофалиш соработниците и партнерите е еден од најдобрите начини за да ја зголемиш својата мрежа.

Применувај го 80/20 правилото

Секогаш е проѕирно кога премногу се обидуваш да се продадеш себеси, а како и во приватниот, и во бизнис светот луѓето не сакаат луѓе кои делуваат очајно (особено кога сакаш да се вработиш).

Добар начин да бидеш сигурен дека нема да се случи тоа е ако внимаваш 20% од содржината која ја објавуваш на социјалните мрежи да биде поврзана со тоа дека бараш работа или со бизнис луѓето кои се трудиш да ги запознаеш и да им оставиш впечаток. Останатите 80% од содржината задржи ја за интересни ретвитања, споделувања на корисни информации и вести, и разменување на вообичаените пријателски коментари.

Изгради успешна кариера, регистрирај се на kariera.brainster.co и добивај ги најдобрите огласи за работа, во твоето email сандаче!

Brainster Кариера и Вработување на Linkedin

Овој текст е објавен во категоријата Кариера и ги содржи следните клучни зборови: кариера, вработување, најди работа, kariera, vrabotuvanje, najdi rabota, работа, социјални мрежи, портфолио.

Related Stories For You