Нашето општество ги раздвојува. Некаде по патот сфативме дека едното е интерактивно со другото. Одиш на школо 8 години за да станеш доктор, поголемиот од времето учиш како да бидеш доктор, но не практикуваш медицина.
Се вработуваш како copywriter. Поголемиот дел од времето пишуваш, но не учиш нови начини на пишување.
Она што сакаме да го нарекуваме „учење“ е повеќе поврзано со „образование “.
Се однесува повеќе на усогласеност, рангирање и „дали ова ќе биде на тестот“?
Не е исто да бидеш добар ученик и да научиш нешто.
Една од причините поради која праксата не толку успешно го следи процесот на учење е што, низ процесот, го губи авторитетот кај оние кои предаваат и даваат инструкции.
Во моментов, задолжителното образование во Америка брои 56 милиони ученици. Поголемиот број од нив не прават ништо друго освен што одат на школо, без шанса да го искусат она што го изучуваат преку реални активности, експериментирање и интеракција.
Има повеќе од еден милион луѓе во Америка кои секојдневно одат на работа, но многу мал дел од нив редовно читаат книги или пробуваат да најдат начин да ја извршуваат својата работа подобро.
Тоа се смета за одвлечено внимание, или во најлош случај – несовесно трошење време.
Јазот постои. Најчесто се потребни 10 или повеќе години за една професија да прифати и научи нов пристап на работење.
На пример, гастроентеролозите дури по смена на цела една генерација, го прифатија фактот дека најчестата причина за појава на чирови е бактерија и го променија својот пристап.
На нашиот правосуден систем му беа потребни повеќе од 30 години да пристапи кон казни и корекции.
Можеби поради тоа што го поистоветуваме учењето со образование. Образованието ( некој ми е претпоставен и може да не успеам ) не ми дозволува пракса, така што јас преферирам практична работа, фала многу.
Што ако учиме најдобро преку практична работа? Што ако посветиме доволно внимание и време на она што го правиме, и на тој начин научиме уште повеќе?
Кога полициските станици посветуваат повеќе време на изучување на бројките и истражување на нови пристапи, откриваат дека се зголемуваат ефикасноста и продуктивноста, а за сметка на тоа се подобрува безбедноста како и задоволството кај вработените.
Студентите по наука многу подобро ги разбираат процесите со надгледување и раководење на сопствени лабораториски тестирања. Образованието ( утврден систем низ кој сите поминавме ) е во процес на менување, и тоа го прави на истиот начин по кој многу други индустрии се одново изградени врз основа на интернет конекцијата.
Сепак, новиот начин на учење е докажано подобар во поефективно совладување на материјалите.
Ми се случува секојдневно. Луѓето кои доаѓаат во Akimbo очекуваат дозвола за траен пристап до тајните видеа, наместо желба да се вклучат во тешката, но исплатлива практична работа.
Алтернатива? Учење. Учење кое опфаќа и пракса. Практика на зборување, вршење и добивање анализи и проценки. Учење преку работа на релевантни проекти во соработка со луѓе на иста возраст. Истовремено взаемно учење и работење, процеси кои се комплементарни.
Ако сакаш да научиш маркетинг, работи маркетинг. Ако сакаш да работиш маркетинг, научи.
Истата симетрика се однесува скоро за сѐ она што ни е важно.
Или како што кажаа култните рокери: „We don’t need no… education.“
Но, веројатно имаме некоја корист од учењето.
Учењето може да ни биде од корист во поефикасно завршување на бескрајната работа.
Текстот е преземен од блогот на Сет Годин.
Линкот до оригиналниот текст можете да го пронајдете тука.
Превод Ива Јаковческа.