Овој текст е дел од серијата бесплатни лекции од Brainster во категоријата Кариера. Регистрирај се за уште 60 бесплатни лекции за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.

 

Интервјуто за работа е твојата шанса да стигнеш до кариера од соништата! На потенцијалниот работодавец веќе му се допаѓа твоето резиме, па затоа те повикал. Време е да се сретнете лично и да го увериш дека ти најдобро одговараш за компанијата и си вистинскиот/та за позицијата.

Зборувај ефикасно

Направи кратка пауза пред да почнеш да одговараш на прашањата. Земи неколку секунди за да го формулираш одговорот во твојата глава. Така полесно ќе се фокусираш на одговорот на прашањето, и ќе го избегнеш „мерењето“ од работодавецот. Избегнувај да се накашлуваш и да користиш „мммм“, „па знаете“, „значиии“ и слично. Соговорникот нема да слуша што точно зборуваш, бидејќи внимането му е одвлечено од вербални тикови. Разговарај со некој пред да одиш на интервју и прашај дали се чувствува преголема употреба на тикови. Така повеќе ќе внимаваш и на изразувањето во иднина.

Подготви се за генерални прашања

Немој да ги потцениш навидум формалните прашања. Треба добро да се подготвиш за нив затоа што тие секогаш се поставуваат. Тоа ќе му покаже на соговорникот дали вреди понатаму да разговара со тебе. Кои се твоите предности и слабости? Ова е најчесто поставувано прашање. Направи баланс помеѓу одговорите на ова. Наброј ги твоите добри страни, а кога зборуваш за слабостите, употреби вистински пример и образложи како работиш на тоа да го решиш тој проблем. Консултирај се со пријатели кои веќе биле на интервју за тоа какви прашања им биле поставени и направи си ментален концепт како ќе одговориш на тие прашања. Дознај што е можно повеќе информаци за компанијата, тоа влева доверба во твоите компетенции за работната позиција.

Позитивен поглед кон работите

Аlways stay positive! Соговорникот ќе те праша за твоето претходно работно искуство или за други искуства кои можеби не се позитивни за тебе. Не зборувај негативно или критично за претходните искуства. Ако се фокусираш на негативното, праќаш порака до твојот работодавец дека би ти било тешко да работиш, или не одговараш добро на критиките. Лошото претходно искуство прикажи го како начин на учење. Објасни што научи од тоа, и како се подобри во работата после тоа.

intervju za rabota

Немој да:

Зборуваш премногу

Луѓето имаат тенденција да зборуваат премногу кога се нервозни. Не дозволувај да дојдеш до точка каде зборуваш премногу, а не кажуваш ништо. Важно е јасно да ја пренесеш твојата порака, затоа нема потреба од развлекување на твојата приказна и заобиколување на поентата.

Зборуваш премалку

Од една крајност во друга. Зборувањето премалку е исто толку лоша работа. Кратки Да/Не одговори, не оставаат простор за понатамошен разговор и веројатно нема да ја добиеш работата, особено ако станува збор за работа каде е потребна комуникација со луѓе. Ако си срамежлива и воздржана личност, пред интервју повежбај со пријател или сам пред огледало.

Го прекинуваш соговорникот

Некогаш е потешко да се слуша, отколку да се зборува. Вежбај сослушување на соговорникот. Не е проблем доколку случајно го прекинеш ако ти изгледа како да не продолжува со зборување. Но постојаното прекинување, не само што е некултурно, туку нема да те донесе до работата од твоите соништа. Без разлика дали „знаеше што ќе те праша“, или возбудата да го искажеш твоето искуство беше преголема, најнапред слушај. Со среќа на твоето следно интервју!

 

Што сакаш да научиш следно? Одбери ја темата која сакаш да ја истражиш, и со брза регистрација стигни до 60 бесплатни лекции кои ќе ти пристигнат на е-mail.

Платформата Brainster лекции произлезе од неколкумесечната едукација преку работа на реални проекти на нашите студенти. Учесниците од Академијата за програмирање и учесниците од Академијата за маркетинг ја креираа оваа алатка преку која секој може да стекне вештини за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.