Знаевме дека Јана ќе успее во тоа што го имаше наумено.

Дека дигиталната кариера ќе ја започне во агенција како Ovation BBDO, не предвидовме! Ова е приказната на Јана Крстевска, дигитален маркетер од Академијата за маркетинг.

Уписите се во тек, види програма тука.

 

1. Што правиш во моментов?:)

Во моментов успешно жонглирам со новата кариера во Ovation. Секојдневно навлегувам сѐ повеќе во водите како дигитален маркетер, храбро ги прифаќам новите предизвици и не се срамам да прашам кога нешто не знам бидејки нели така се учи :). Моментално откривам нова личност на самата Јас која е полна со креативност која отсекогаш постоела само сега конкретно се канализира.

 2. Зошто е твојата приказна успешна? 

Наеднаш се будиш да направиш нешто конкретно и да ја промениш кариерата и не е ни малку лесно. Од човек што немал никаква допирна точка со дигитален маркетинг сакаш да станеш нинџа, а ништо не е невозможно со малку повеќе желба, амбиција ама и супер инструктори кој ќе ти дадат правец. Многу сум им благодарна што ни посветија толку внимание да ни го пренесат своето знаење и сметам дека секој може да има успешна приказна, со малку повеќе труд и верба во себе.

3. Како стигна до кариера во маркетинг? 

Уште не ми се верува како стигнав до кариера во маркетинг 🙂 Долго време работев во брендирана продавница и моја одговорност беше буквално сé. Но, сакав многу повеќе, а да не е предалеку од продажба. Се роди идеjата и љубовта кон маркетингот и работите почнаа да се редат како во сон. Бев пресреќна кога влегов на Академијата за маркетинг каде што научив многу и ме радува што маркетингот е неисцрпно поле на креативност, новости и постојано учење.

4. Кој е предизвикот кој сметаш дека најуспешно го совлада?

Мислам дека најуспешно совладав да правам лендинг страни хаха, но сега имам нов предизвик и секој ден се трудам сè повеќе да бидам одличен copy writer како за почеток.

5. И, што понатаму?:)

Знам дека ме чека многу, бидејки неуморна сум за нови предизвици и учење. Би ми било желба еден ден да станам предавач на Aкадемијата за маркетинг да го споделувам знаењето и искуството со оние кој едноставно се бараат сами себеси.

 

Прочитај повеќе за Академијата за дигитален маркетинг тука.

akademija

 

 

Овој текст е објавен во категоријата Маркетинг и ги содржи следните клучни зборови: Brainster. brainster kariera, kariera. kursevi, вработување, кариера, компанија, нова кариера, платформа, програмирање, работа, стартап, технологија, kurs za microsoft excel, kurs za illustrator. kurs za photoshop. kurs za pr, kurs za onlajn marketing, obuka. akademija za marketing, obuka za internet marketing skopje. obuka za facebook, обука за маркетинг. kurs za google ads, курс за google ads, обука за google adwords, digitalen marketing skopje, makedonija