Поразговаравме со Димитар Тутковски, новиот инструктор по анализа на Академијата за UX/UI дизајн. Тој е Senior дизајнер со повеќе од 6 години искуство во областа на графичкиот дизајн, UX/UI дизајнот, брендирањето, уметноста и фотографијата. Преку овој тајмлајн, има изградено портфолио кои што е огледало на неговиот успех.
Димитар одвои време да ни раскаже за својата кариера, за новата работна позиција и како студентите да креираат една ефикасна анализа.
Прочитајте повеќе во продолжение.
Димитар, за почеток кажи ни нешто повеќе за себе?
Уште од мали нозе сум се занимавал со уметност, цртајќи портрети и измислени карактери. Барајќи нешто што ќе ги спои денешната технологија и уметноста, се одлучив да студирам Графичко Инженерство, Дизајн и Мултимедија на Техничкиот Факултет Битола.
По завршувањето на моите студии, се стремев кон подобрување на своите способности преку Freelance и Фотографија. Тоа прво работно искуство, ми ја донесе и првата Full time работа како Junior Дизајнер во ANS Print. Но првпат со термините UX/UI се запознав во start-up компанијата “Swarmer” каде што развивавме апликација за ноќен живот наменета за Miami, FL, USA. Во овој тим, научив како да креирам UI дизајн според зададени UX параметри, а притоа земајќи ги во предвид границите на кодирањето. Исто така, извесно време имав шанса да работам во брендинг агенцијата “TheClue” каде што за првпат колаборирав со извонреден тим од дизајнери каде што ги надградив вештините за целосно брендирање и UX/UI дизајн.
После 6 години Office искуство и завршени магистерски студии, работам како Senior Graphic Designer во “Nova Solutions” каде што една од моите задачи е и да бидам ментор на Intern Дизајнери, па и од таму и пасијата кон предавањето.
Како се чувствуваш на новата работна позиција? Кои се твоите очекувања?
Позицијата како предавач во Brainster на Академијата за UX/UI дизајн е нешто ново за мене, и тоа ми дава мотив да се усовршувам. Моите очекувања се да им помогнам на следните генерации од UX/UI дизајнери да имаат добар старт во оваа област, да им се појаснат термините и да ги научат вештините баш тука работејќи со вистински експерти, на реални проекти.
Дали имаш размислувано за начинот на одвивање на предавањата? Како најлесно ќе може да им се пренесе знаењето на студентите?
Еден час е поделен на теоретски дел каде што се запознаваме со содржината и начинот на извршување, и практичен дел каде што студентите заедно со моја помош ќе ја изведат поставената задача релевантна за тој час. Визуализацијата е најлесниот начин најдобро да се пренесе одреден материјал, па и тука предавањата ќе бидат интерактивни каде што студентите максимално ќе бидат ангажирани во часот.
Кое е твоето мислење за работата на реалните проекти? Дали сметаш дека тие помагаат при надградување на вештините на студентите?
Максимално го поддржувам работењето на реални проекти. Тоа не само што ќе ги подобри вештините на самите студенти, туку ќе им даде реална слика за тоа што се случува при процесите за креирање на еден реален производ. Справувајќи се со вистинските проблеми, ќе го научат и вистинското решение.
Имаш богато искуство во оваа професија, можеш да понудиш уникатно искуство на студентите како експерт во својата област. Што ќе им помогне на студентите полесно да ја совладаат тематиката?
Мојот совет до студентите за полесно да ја совладаат оваа тематика е редовно да ги повторуваат и извршуваат работните задачи кои ќе бидат зададени на овие студии. Преку редовното повторување и практикување на вежбите, тие ќе можат да видат како се изведуваат анализите во реални услови, а преку практичната настава најдобро ќе го научат тоа.
Во врска со модулот кој што го предаваш, каков е процесот при изработка на една анализа? Какви видови анализа постојат?
Процесот на изработка на една анализа наjголем дел се одвива собирајќи информации кои што однапред е потребно да се одредат изворите користејќи релевантни методи и алатки за извршување на истите.
На што треба да стават фокус дизајнерите при анализирањето и зошто е важна?
Дизајнерите особено треба да стават фокус на колектираните информации коишто треба да бидат автентични и реални. Секој краен резултат добиен од спроведената анализа треба да се поткрепи врз реални информации за да го даде очекуваниот резултат.
Како да креираме и да знаеме дека сме направиле ефикасна анализа, дали се тестира?
При креирањето на една ефикасна анализа потребно е да се запазат одредените чекори кои што во овој модул се изучуваат. А од друга страна, една анализа е ефикасна тогаш кога добиваме резултати кои што даваат видливи промени при креирањето на нашиот продукт, така што ги пополнуваат недостатоците коишто постојат на пазарот.
Ти благодариме што одвои време да ни раскажеш за својот личен и професионален живот. Се гледаме на предавање!
Доколку размислувате за кариера во областа на UX/UI дизајн и сте подготвени да учите од искусни и докажани инструктори во ова поле, закажете информативна средба со координаторот на Академијата ТУКА.