Разговор за дизајн со инструкторот Венчо Милошевски

Венчо Милошевски инструктор на Академијата за графички дизајн, дел од Brainster заедницата кому вежбањето му е one thing за кое не прави компромис. Како дизајнер секогаш креира пред се убави, функционални и елегантни решенија.

Во месец на инструктори зборува што претставува за него Brainster, формална VS неформална едукација и за се она кое смета дека е клучно за добар дизајн.

Чувството дека директно и/или индиректно придонесувам во заедницата во која што моментално работам беше клучно за да се решам да пренесувам знаење преку Brainster заедницата.

Мое мислење е дека неформалното образование двои доста од формалното. Ова од аспект на дизајн, посебно делот за графички / web дизајн. Сумирано од моето искуство до сега, знаењето, вежбите, посветеноста на инструкторите и на координаторите на самите академии, придонесува да овој начин на образование на крај, дава многу повеќе value отколку класичното, формално образование.

Дефинитивно сметам дека учењето на Академиите е иднината на учењето. Би рекол дека учењето на вештини кои сега и веднаш се бараат е доста валидна причина да некој се запише и почне да го учи тоа. Но пред се мислам дека е многу битно да некој вистински има желба да го учи тоа. Резултатот на крај е подобар кај оние кандидати кои што тоа го правеле со некоја поголема доза на посветеност и љубов. 

Учењетото тука се разликува заради 3 причини: персонализираниот и посветен модел на учење, докажаната експертиза на група луѓе кои се предавачи, можностите за наоѓање работа после завршување академија.

Верувам дека никогаш не е доцна за нов почеток и верувам дека не треба да се мислиме многу околу работите кои вистински сакаме да ги направиме. Be Bold.

За да се посветиш на нешто ново за што и да станува збор, пред се, мислам дека е најбитно да се има некаква пасија, интерес. Со месеци истражуваш и читаш за типографија, ја искористуваш таа пасија и се посветуваш кон тоа.

Техничкиот дел кај било кој дизајнер е многу битен, но мислам дека доаѓа сам по себе. Мојот стил на работа, и она што пробувам да и го пренесам на кандидатите на академијата, е дека делот на креативно и критичко размислување, истражување, барање на баланс помеѓу естетика и функционалност, и пред се, „убавиот” дизајн, се многу побитни од тоа да бидеш технички најдобар. Според мене, континуирано учење, е учење преку око, преку референци, визуелни уметности и константно црпење на нови идеи од различни медиуми.

Мислам дека секој инструктор сам по себе си има вредности според кои се води, но покрај оние основните улоги кои сите ги носиме, би издоил дека, еден инструктор треба да го пренесува своето знаење, но не и да го наметнува својот стил на работа. 

“What we seek is some kind of compensation for what we put up with.” – Haruku Murakami, Dance Dance Dance

Уписите за Академијата за дизајн се во тек, резервирај си место тука!

Related Stories For You