Ивица Пешовски инструктор на Академијата за програмирање, СТО во Brainster тимот, craft maker (читај прави сопствено пиво) планинари, свири на гитара… и вака може да најбројуваме до негдоглед. Оставаме понатаму во текстот сам да прочиташ. Во месец на инструктори зборува што претставува за него Brainster, формална VS неформална едукација и колкава е важноста од постојана надградба и учење.
Станав дел од Brainster заедницата случајно. Ми се јави Петар во април 2018 да се видиме на кратко. Мислев дека ќе договараме работа на некој side-project. Ни на крај памет не ми беше дека за неполн месец од тој состанок ќе почнам да држам редовни предавања. Патот со Brainster заедницата ни се вкрсти уште еднаш. Во април 2020 повторно ме побара Петар да се видиме на кратко. Од тој состанок моја full-time работа е CTO во Brainster. Љубoпитен сум да откријам, за што ќе ме побара Петар, во април 2022.
Формалното образование има еден голем недостиг, а тоа е дека многу бавно се прилагодува на современите трендови. Од друга страна, неформалното образование им овозможува на луѓето да го научат она што им треба, тогаш кога им треба.
Ако Хенри Форд ги прашал луѓето што сакаат сите би барале побрзи коњи. Наша долгорочна цел е да го револуционизираме образованието на начин како што Форд ја револуционирал автомобилската индустрија. Можете да се вклопите. Или можете да го промените светот. Не можете да ги правите двете работи.
Неформалното образование за многумина е многу попривлечнo од едноставна причина што самиот студент може да си го поплочи патот по кој ќе се движи. Не е обврзан да посетува настава која не му се допаѓа. Има задолжителни елементи кои ние како креатори на целата програма, следејќи ги модерните трендови во ИТ индустријата ги имаме додадено како такви, но надвор од тоа има цела палета можности за студентот да се изгради во каков кадар и да посака. Дури и по завршувањето на академиите, стоиме на располагање на студентите за креирање на добри CV-ја, LinkedIn профили, подготовки за интервјуа и слични активности, сѐ со цел побрзо да ја добијат посакуваната работа и/или промена на кариера.
Има една анегдота за професор што кога го прашале како му течат предавањата одговорил: „Првата година дури предавав никој не сфати што предавам. Втората година дури предавав повторно никој не сфати што предавам. Третата година дури предавав, јас сфатив што предавам”. Така и јас. Утврдив добар дел од знаењата, бидејќи нели, ако нешто не можеш да објасниш на 5-годишно дете значи дека не го разбираш доволно. Развив и многу т.н. soft вештини (soft-skills) како јавно говорење, јасно изразување, водење тимови, критичко размислување, истражувачки способности, презентациски вештини, толеранција, трпеливост, одлучност и она што ми е многу битно: способност за добро примање и давање критика.
Знам дека им помагаме на студентите да го променат својот живот и кариера. Затоа што сме сведоци на многу успешни приказни. Тоа е привилегирано чувство, што му го посакувам секому. Она кое сакам да го препорачам на секому е дека не треба да се плашат да се обидат. И најдолгото патување почнува со еден единствен корак.
Не постојат бубалици или бунтовници. Една стара спартанска поговорка вели: „Кој повеќе се поти на тренинг, помалку крвари во битка”. Така, има луѓе што се потат и има луѓе што крварат.
Во Brainster инструкторот има улога да едуцира, да мотивира, да биде пример, да ги почитува студентите и самиот да има желба за учење, несебично да споделува сѐ што знае. Сѐ што знае!
Работната философија моја која сакам да ја пренесам на предавање е дека делумната посветеност дава делумни резултати. Сакам дури се на академија студентите да заборават на Netflix и HBO, социјални мрежи, па ако треба дури и на социјален живот. Да, знам дека ова е контра од сѐ она што секојдневно ни се пласира како баланс меѓу работата и животот, ама учењето програмерски вештини (или било какви други вештини) во само неколку месеци, според мене бара жртва.
P.S. Ако баш мора да гледате HBO, гледајте го Whiplash.
Уписите за Академијата за програмирање се во тек, резервирај си место тука!