Разговор за едукација со инструкторите – Марјан Димиќ

Марјан Димиќ- Мачка инструктор на Академијата за UX/UI дизајн. Го обожава своето семејство, ужива во добра храна, сака да црта графити и сака да црта. Те оставаме да прочиташ повеќе понатаму. Во месец на инструктори зборува што претставува за него Brainster, формална VS неформална едукација и колкава е важноста од несебичното споделување на знаење.

Големата желба или стремеж на инструкторите на овие Академии е да им го променат текот на животот на студентите. Да им помогнат да сменат кариера. Луѓето најлесно ги откриваат работите во кои се добри само кога се најискрени со себе, кога ќе го изгубат стравот да направат некаква промена, или едноставно кога сакаат да пробаат нешто коешто отсекогаш им било „симпатично”, а досега немале прилика да го сторат истото.

Неформалното образование може на брз и ефективен начин да го научи и поттикне да учи секој кој има интерес од некоја одредена област. Брзиот начин на учење и усовршувањето на вештините во одредена област овозможува голем простор за понатамошно надградување дури и во нови области. Верувам дека ваквиот тип на Академии би биле иднината на учењето. Побрзо, ефективно и попрактично.

Верувам дека никогаш не е доцна за нов почеток и нова кариера. Времето во кое живееме, за среќа или не, ни го овозможува тоа. Тргнувајќи од тоа со колку брзо темпо живееме денес и колку е се променливо. Колку брзо напредува технологијата и колку брзо се менуваат трендовите во дизајнот, музиката, сликарството. Доказ плус само колку е се подинамично, побрзо и поголемо. Верувам дека постои огромен простор и прилика за секој да може да се најде себеси во нешто. Понатаму следи чекорот да станеш од GOOD во GREAT во истата област или да се доусовршиш. За да се случи тоа според мене е потребно: волја и мнооогу работа, упорност, љубопитност, експериментирање, правење грешки. 

Еден инструктор или едукатор е личност која умее да се приближи кон секој студент поединечно и умешно да го пренесе своето знаење и вештини. Континуираното учење е од голема важност. Тоа за мене претставува желба за осознавање на нови работи и техники во областа на дизјанот и илустрацијата. Желбата да се приближам кон нови предизвици и вештини е мотивот кој мене ме тера постојано да се надградувам.

Јас во улогата на инструктор би сакал студентите што поумешно да ги воведам и запознаам со материјата, што е UI дизајн и кое неговото значење, насоки, примери и мноогу вежби, преку кои ќе можеме да се запознаеме со различни техники и вештини.

Она кое мене ми помогна многу во градење на кариера и кое сакам да им го пренесам на студентите како вредност е искуството што го имам досега стекнато. Преку разни проекти во различни периоди и различни техники на изразување. Да го пренесам во една поедноставена и скратена форма, која секој би можел да ја разбере.

Клучно за успешен старт на било што ново, покрај волјата и напоредната работа е креативноста. Таа не препознава области, професии или возраст. Таа е присутна кај секого, треба само да се препознае и поттикне. Креативноста е нешто што треба да се негува и храни, бидејќи возвратот нејзин е неверојатен.

Уписите за Академијата се во тек, резервирај си место тука!

Related Stories For You