Разговор за дизајн со инструкторката Клелија Живковиќ

Клелија Живковиќ инструктор на Академијата за графички дизајн, дел од Brainster заедницата и дел од тимот кој работи на едно ново студио/лабараторија каде се тестираат идеи и експериментира со дисциплини и перспективи. Чува растенија како дел од семејна историја.

Во месец на инструктори зборува за што претставува за неа Brainster, формална VS неформална едукација и важноста да се биде секогаш љубопитен и со хумор да се пристапува во работењето.

Кога решив дека сакам да предавам, Brainster беше првото место кај што се обратив. Ми недостигаше колаборативната педагогија која ја искусував како студент надвор од Скопје. Сакав да создадам простор за проучување на методологијата на дизајн и нејзината примена во сегашноста и предизвиците со кои светот се соочува сега. 

 

Мојот впечаток е дека неформалното образование кое се случува во Brainster е дел од глобален тренд на преиспитување на начините на учење и во начинот на работење и вреднувањето на трудот. Неформалното образование ќе игра клучна улога во реализирање на промените кои му се неопходни на овој свет. Со оглед на брзината со која индустриите растат и разноликоста на вештини кои се очекува талентите да ги поседуваат, веќе е видливо дека овој вид на учење предводи огромен дел од развојот на образованието. Мислам дека ова е само почетокот, и многу сум љубопитна за тоа што нѐ чека следно.

Едукацијата на Академијата значи образовен и педагошки процес. Неформално значи ослободено од бирократија, традиционачност и институционалност, но не и од одговорност. Напротив, мислам дека неформалната природа нѐ прави уште поеднакви едни со други, инструктор-студент, а со тоа и уште поодговорни едни кон други. 

Контактот со студентите, нивните реакции на содржината и вежбите кои ги работиме заедно дефинитивно ги менуваат и мојот живот и мојата кариера. Освен тоа, чувстувам дека на студентите им е важен и корисен контактот со инструктор, особено вниманието кое го добиваат како студенти и нивните идеи. Се чувствувам особено исполнето кога ќе ги видам резултатите од тоа. Есенцијални делови од учењето се периодите на реализација на наученото преку работењето на реални проекти.

На Академијата апсолутно се откриваат скриените таленти. Талентот секогаш заслужува посветеност, труд и љубов. Понекогаш случајно ги откриваме, но само со работа можеме да ги развиеме. Контактот со студентите, нивните реакции на содржината и вежбите кои ги работиме заедно дефинитивно ги менуваат и мојот живот и мојата кариера .

Верувам дека новите почетоци се неизбежни. Отпорот е залуден. Преку многу, многу работа, свесност и упорност се успева. Една од работите на кои инсистирам во моите предавања е дека процесот на учење нови вештини е најавтентичен и најуспешен кога во него се интегрирани што е можно повеќе аспекти од личноста и искуството на студентот. Затоа е многу важно да се интегрира учењето и самата нова вештина во нашиот живот во поширок смисол, односно како начин на размислување и светоглед. 

Уписите за Академијата се во тек, резервирај си место тука!

 

Related Stories For You