Иван Татарчев Дургутовски инструктор на Академијата за графички дизајн, дел од Brainster заедницата и е експерт за вадење на работите од контекст.” Сака да патува и да биде тотален странец, сака да готви па, кујната му е и канцеларија. Во месец на инструктори зборува што претставува за него Brainster, формална VS неформална едукација и за се она кое смета дека е клучно за успех.


Станав дел од Brainster заедницата бидејќи се најдов себеси помеѓу луѓе со кои комплетно се разбираме и фукнционираме како едно цело. Решив да пренесувам знаење бидејќи на тој начин и јас се стекнувам со уште повеќе знаење. 

Веќе подолги години сум дел од неформалното образование, преку најразлични проекти и активности, особено надвор од Македонија, и можам со сигурност да кажам дека ако сакаме да еволуираме на полето на едукација, првично мора да еволуира и начинот на пренесување на знаењето. Постојат безброј алтернативни начини на пренесување на информација, многу често и преку практична вежба или игра, каде што и менторот и ученикот учат едни од други, и пред сѐ се слободни, отворени и комотни да споделат мислења и ставови.

Апсолутно е иднината на учењето ваквиот вид на Академии, бидејќи овој начин на работа колку што се базира на пренесување на знаење, исто толку се базира на взаемно разменување на животни и работни искуства, што помага во градење на силна издржана основа и нѐ зближува едни со други менувајќи ги вредностите и поместувајќи ги границите на класичните методи на едукација.

Овој тип на учење се разликува од класичната едукација во повеќе сегменти, а она што мене лично најмногу ме исполнува е слободата да се моделираат методите на работа во согласност со потребите на самите студенти. Преку контантен feedback и отворени разговори и  дебати, каде што секој студент може слободно да сподели што смета дека би подбрило нешто, неформалното образвоание еволуира од модул во модул и станува наменско. 

Љубопитноста е интегриран дел од човековата природа, следствено на тоа, верувам дека никогаш не е доцна и за повеќе нови почетоци. Секое утринско кафе е нов почеток. Секое препрочитување на едно исто книжевно дело е исто така нов почеток. Нема почеток и крај, има само процес и фактот колку сме спремни да се вложиме и посветиме на одредена работа. One has to dive in. На студентите кои се реашаваат на овој чекор навистина им се менува животот и кариерата на Академијата. Непрекитнато се среќавам со луѓе со најразлични позадини, луѓе желни за промена. Не е само менување на кариера, туку начинот на кој ги гледаат и применуваат нештата.

За да се посветиш на промената и да успееш првично треба да веруваме и да се слушаме себе си, но и другите, да бидеме одлучни и секако, спремни за нови предизвици. Нема нешто кое не можеме да го направиме – има нешта кои сакаме или не сакаме да ги направиме. Се работи за избор и посветеност и контстантна потреба да се поместуваат границите.

Клучно за успех во кој сегмент од животот е да се сака и да се биде „повеќе“.

Уписите за Академијата се во тек, резервирај си место тука!