Профил на инструктор – Александар Нофитоски

Име и презиме: Александар Нофитоски
По професија: Дизајнер
Датум на раѓање во Brainster: 04.2019.
Број на Часови предавани: 64
Предмет: Лого и брендинг дизајн
Академија на која предава: Академија за Графички дизајн
Академија на која би се запишал во Brainster: Академија за ux/ui за доусовршување на моите вештини кои моментално ги развивам и надоградувам за ux/ui дизајн
Омилен колега: Сите колеги се супер и имаме одлична комуникација и дружење така да не би издвоил само еден, сите се супер и одлични во својата професија која ја работат
Од моето прво предавање памтам: Чуството кога ќе застанеш пред студентите за да им го пренесеш своето знаење и искуство
Најмногу ги сакам студентите кои: Студентите се одлични низ секоја Академија. Посветени, сакаат предизвици, работат на проекти и се целосно одговорни во својата работа.
Омилен дел од предавањата: Работата со сите студенти заедно, комуникацијата, прашања и одговори, дискусија за проектот на кој работиме и целата работна атмосфера.
Пред час: Правам кафе отварам лапотоп и ги пречекувам студентите, правиме краток муабет за работата која ни е во тек и почнуваме со часот
На час: Предавање и по прадавањето работна атмосфера со сите студенти заедно на проектот на кој работиме
После час: Ги потсетувам студентите што треба да имаат завршено за наредниот час и ако нешто им треба да ме побараат за совет/консултација
Бесплатен Совет: Секогаш да ги изучуваат работите без разлика колку ги знаат затоа што секое време си носи свои трендови и треба да сме во тек
Ако сакаш да учиш од Александар, резервирај си место на Академијата за графички дизајн тука!