Имајте контрола над онлајн репутацијата – стартап алатка #19

„Стартап алатки“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница каде што секој ќе може да учи и да сподели практични вештини. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите.

Доколку сметавте дека менаџирањето на репутацијата е само за големите бизниси, размислете подобро. Со појавувањето на социјалните медиуми но и на онлајн оценувањата на вашиот бизнис од страна на корисниците, мониторирањето и менаџирањето на онлајн репутацијата прерасна во сериозна активност. Само една лоша препорака или една личност која го “напаѓа” вашиот бизнис на некој респектиран сајт се доволни за тотално да биде уништен вашиот бизнис кој сеуште е во зачеток. Но, иако постојат сајтови за менаџирање на ваквиот ризик, сепак истите наплаќаат и до 100.000 УСД; што ги прави недостапни за малите бизниси.

Но не и SiteJabber for Business. Овој веб сајт првично започна како место за оценување на бизниси, но со лансирањето на нивниот нов модул ќе настојуваат да им помогнат на самите бизниси. Она што овој сајт го нуди е колекција на неограничени оценувања, неограничени јавни и приватни одговори на коментарите и сл. Во суштина, доколку сте компанија на која и треба некаква помош за изградба или поправка на онлајн репутацијата, и притоа немате “одвишок” финансии, тогаш сте пристигнале на вистинското место.

Карактеристики на SiteJabber:

  • Неограничена колекција на оценувања: соберете неограничен број на клиентски оценувања со цел да ја изградите онлајн репутацијата на соодветно ниво, притоа намалувајќи го ефектот кој би го имале негативните оценувања и секако генерирајте нови лидови.
  • Неограничени јавни и приватни реплики на оценувањата: решавајте ги директно жалбите од вашите клиенти и воспоставете дополнителни канали на комуникација
  • Вашата review страна е на врвот од резултатите од пребарувањето на Google: многу потенцијални клиенти пребаруваат назив на бренд + оценувања директно на пребарувачите
  • Печат за доверба: препознатливи печати за доверба ја подобруваат стапката на конверзија за вашиот сајт
  • 24-часовна подршка: 24-часовна email подршка со цел да решите некој проблем поврзан со SiteJabber

Историски гледано, менаџирањето на репутацијата не е коректно ниту кон бизнисите ниту кон потрошувачите. Бизнисите се принудени да плаќаат огромни износи за да имаат контрола во онлајн светот, додека пак потрошувачите не се во можност да утврдат дали некој бизнис е одличен или едноставно ги “поткупил” оценувачите. SiteJabber for Business е директен одговор на настојувањата на бизнисите кои сакаат да управуваат со своите брендови онлајн на правилен начин но, истовремено и одговор на барањата на потрошувачите кои сметаат дека тие ги заслужуваат најдобрите информации.

Инвестирајте во вашиот бизнис. Регистирајте се на оваа платформа и почнете да ги чувствувате бенефитите од намалениот ризик при менаџирање на вашиот онлајн бизнис

Сакате да добивате известувања за курсеви? Регистрирајте се тука

Ве очекуваме,
Brainster заедницата

Related Stories For You

Како до 1.000.000€? 🤫