Illustrator е векторска програма која има навистина голема примена во графичкиот дизајн. Ова се неколку работи кои можеби не сте знаеле дека можете да ги направите во Illustrator.
1. Направете Pdf презентација во Illustrator
Отворете нов документ со посакуваните димензии и поставете ја позадината, текстот и сите елементи. Одберете ја алатката за работа со работни површини Artboard Tool. Со држење Alt кликнете и влечете за да создадете втора страница.
На вториот слајд направете ги посакуваните измени. Повторете ја постапката онолку пати колку што сакате да имате слајдови во презентацијата.
Зачувајте го документот преку File>Save as…
2. Подгответе елементи за анимација во After Effects
Овој трик е навистина корисен за секој кој се занимава со правење видеа или 2D анимација. Напревете ги во Illustrator елементите кои сакате да ги анимирате и винимавајте сите различни елементи да ги поставите во различен слој. Зачувајте го документот како .ai докумет што е всушност и дифолт формат на оваа програма.
Отворете Adobe After Effects, направете Import на документот при што внимавајте да ја одберете следната опција:
Ќе ги добиете сите објекти од Illustrator фајлот како посебни слоеви кои ќе можете да ги анимирате.
https://youtu.be/-YG_sWJYM-o
3. Gifs во Illustrator
Со алатката Artboard Tool и држење Alt како и во првиот пример, направете повеќе работни површини на кои ќе се менува само еден дел.
Зачувајте ги работните површини како посебни слики кои ќе претставуваат посебни фрејмови во вашиот гиф. Потоа можете да искористите некоја онлајн програма како на пример ezgif.com за од сликите да направите гиф.
Овој текст е објавен во категоријата Дизајн и ги содржи следните клучни зборови: Brainster, Графички дизајн, Графички дизајн курс, Дизајн, print, Обуки, курс, Курсеви, обука, Kursevi, Obuki, kursevi skopje, Kurs, photoshop, курс Photoshop, obuki skopje, kurs za Illustrator, курс за Illustrator, курсеви скопје, обуки скопје