Овој текст е дел од серијата бесплатни лекции од Brainster во категоријатa Кариера. Регистрирај се за уште 60 бесплатни лекции за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.
Цврсто веруваме дека интервјуата за работа не смеат да бидат еднонасочен разговор. Прифаќањето на нова работа е подеднакво голем чекор за двете страни од разговорот.
Додека сите, вклучувајќи не и нас, упорно ти помагаме да ги најдеш вистинските одговори за твоето следно интервју, смислувањето на точните прашања е подеднакво важно. Сепак, да прифатиш работа за некоја компанија е голема одлука која не сакаш да ја донесеш додека не ги имаш сите потребни и важни информации.
Од друга страна, менаџерот веќе претпоставува дека на закажаното интервју ќе дојдеш со однапред спремни прашања. Тоа не само што кажува за твојата сериозност, туку зборува и за посветеност во избирањето на работата која најдобро ти одговара. Сепак, внимавај, постои линија која не смееш да ја преминеш, ти си на интервју, а не обратно. Без разлика за каква позиција аплицираш, подолу се неколку прашања кои секогаш ќе ти помогнат да ги дознаеш клучните работи.
Кој е Вашиот идеален кандидат?
Шансите се дека нецелосно ја разбираш позицијата за која аплицираш. Поставување на прашање од ваков тип можеби некогаш ќе те издепримира, но можеби и ќе ти помогне да се увериш дека токму оваа позиција е совршена за тебе. Ќе бидеш изненаден од одговорите кои ќе ги добиеш, тоа што досега си работел на функција слична на оваа не значи дека ќе биде потполно иста со минатата.
Како изгледа еден типичен ден за позицијата за која аплицирам?
Темпото на работа е неверојатно важно! Секогаш е најбезбедно да прашаш, можеби во моментов не се чувствуваш доволно спремно да прифатиш позиција што подразбира огромна одговорност и работен ден кој се чини дека никогаш нема крај.
Што најмногу Ви се допаѓа кај работењето во оваа компанија?
Прашање кое најверојатно менаџерот нема да очекува дека ќе му го поставиш. Токму поради тоа големи се шансите да добиеш искрен и емотивен одговор кој ќе ти помогне уште повеќе да се заинтересираш за позицијата за која аплицираш.
Како би ја опишале културата на организацијата?
Денес, со никнувањето на стартапи предводени од амбициозни, млади луѓе, културата на работење се менува драстично. Сè повеќе компании се одлучуваат на флексибилно работно време и непочитување на класичниот дрес код. Основните начини на функционирање на една компанија ќе ти влијаат на секојдневното расположение повеќе од што мислиш. Секогаш обиди се да дознаеш што е возможно повеќе околу тоа како се очекува од тебе да се однесуваш или изгледаш.
Каде мислите дека ќе биде Вашата компанија за 5 години?
Колку и да е незгодно ова прашање, причината зошто е толку популарно е едноставна – затоа што е неверојатно важно. Доколку се доживуваш себеси како амбициозен и вреден работник, можеби компанијата чии амбиции не се поклопуваат со твоите не е соодветното место за тебе. Од друга страна, сигнализира дека си сериозен за позицијата и не планираш наскоро да ја напуштиш.
Што сакаш да научиш следно? Одбери ја темата која сакаш да ја истражиш, и со брза регистрација стигни до 60 бесплатни лекции кои ќе ти пристигнат на е-mail.
Платформата Brainster лекции произлезе од неколкумесечната едукација преку работа на реални проекти на нашите студенти. Учесниците од Академијата за програмирање и учесниците од Академијата за маркетинг ја креираа оваа алатка преку која секој може да стекне вештини за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.
Овој текст е објавен во категоријата Кариера и ги содржи следните клучни зборови: кариера, вработување, најди работа, kariera, vrabotuvanje, najdi rabota, интервју, работа.