Александар Јонузоски – Dream Team студент на Full-Stack HR Академијата

Запознајте го Александар Јонузоски – Dream Team студент на Full-Stack HR Академијата за месец јануари 2022.

 

Име и презиме: Александар Јонузоски

По професија: Менаџер за човечки ресурси

Академија: Full-Stack HR Академија

Зошто баш HR: Сакам да се развивам како HR професионалец, што мислам ќе биде од огромна помош на луѓето со кои работам и соработувам. Плус, да бидам дел од решението кое ќе помогне да се надмине стигмата кон HR професионалците да бидат третирани како ”_______ (insert name here) од кадрово”.

Што те мотивира постојано да учиш: Од знаење никогаш не е доста! Дипломите сами по себе не значат ништо. Можноста да се научи нешто ново и да се сознае од искуството на другите секогаш може да ни помогне да се надградиме како професионалци и како индивидуи.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Најинтересната работа што ја имам научено на Aкадемијата е најверојатно ефикасното и ефективното користење на LinkedIn Recruiter Lite за пребарување и регрутирање на top talents.

Омилен модул и зошто: Од досега поминатите модули би рекол дека Модул 2: Регрутација, селекција и онбординг на вработени, ми е омилен, бидејки моите техники и знаења во оваа област значително се надградија. Во иднина ова би ми помогнало да лоцирам уште поквалитетни кандидати, како и да го подобрам нивното искуство за време на регрутацискиот процес и онбордингот.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Главна причина зошто се пријавив на оваа Full- Stack HR Академија на Brainster е фактот што инструкторите се докажани професионалци во своите области. Ако би требало да издвојам само еден инструктор, тоа би била Лилјана Секуловска. Би ја издвоил поради нејзинот стил на презентирање, способноста да го задржи вниманието на студентите и да го направи материјалот интересен и интерактивен (дури и кога материјалот е обемен), како и нејзината посветеност кон студентите и желбата за истите да успеат.

За 5 години сакам да бидам: Успешен HR професионалец кој ќе може да решава различни предизвици и да направи позитивен импакт во животите на другите.

Хоби: Gaming и гледање на серии.

Омилена книга: American Gods – Neil Gaiman

Омилен цитат: „Preoccupied with a single leaf, you won’t see the tree. Preoccupied with a single tree, you’ll miss the entire forest.”

 

Уписите за следната група на Full-Stack HR Академија се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето на време!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

Како до 1.000.000€? 🤫