Запознај ја Елена Наќева – Dream Team студент на Академијата за човечки ресурси за месец септември 2023.
Име и презиме: Елена Наќева
По професија: Административен асистент
Академија: Академија за човечки ресурси
Зошто баш оваа област: Затоа што луѓето се најважниот ресурс во кој вреди постојано да се вложува.
Што те мотивира постојано да учиш: Чувството дека сум активна и правам нешто добро за себе, но притоа и придонесувам со своето знаење кон општото добро за сите во моето опкружување.
Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Целокупната Aкадемија е мошне интересна, меѓутоа како најинтересни за мене би ги издвоила техниките за регрутација.
Омилен модул и зошто: Секој модул е приказна сам по себе, темите и материјалот кој го учиме се во тек со последните трендови од областа. Би го извдоила модулот Менаџмент на перформанси, поради важноста на самата тема за успешното функционирањето на човечките ресурси, како и пристапот на Викторија која несебично го пренесува своето знаење и го прави учењето лесно, интересно и забавно.
Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Викторија Дамчевска и мојата менторка Билјана Алампиовска.
За 5 години сакам да бидам: Менаџер за човечки ресурси
Хоби: Читање книги
Омилена книга: „Илјада неверојатни сонца“ – Халед Хосеини
Омилен цитат: „Без разлика дали мислите дека можете или мислите дека не можете, имате право“ – Хенри Форд.
Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!
На Академијата за човечки ресурси учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!
