Наташа Анѓелеска – Dream Team студент на Академијата за човечки ресурси

Запознај ја Наташа Анѓелеска – Dream Team студент на Академијата за човечки ресурси за месец октомври 2023.

 

Име и презиме: Наташа Анѓелеска

По професија: Проектна менаџерка и времено-ангажирана професорка на приватен факултет.

Академија: Академија за човечки ресурси

Зошто баш оваа област: Верувам во концептот и филозофијата на доживотно учење генерално, но оваа област ме привлече заради можноста да се информирам и научам на кој начин најдобро може да се искористат потенцијалите и квалитетите на секој вработен, во било која област.

Што те мотивира постојано да учиш: Па веќе споменав дека јас сум застапник на доживотното учење и моето искуство досега ме увери дека човек кој постојано учи е многу поуспешен од другите. Најважно е всушност да учиш за себе, не затоа што тоа го бара некој од тебе, тогаш си најмотивиран и најмногу можеш да придонесеш и во работата, и во професионалниот, но и во личниот живот и да помогнеш на другите кои немаат исти можности за учење.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Ме заинтригира моделот на бизнис партнер за човечки ресурси, ми беше тотално непозната област, а всушност кога подетално се запознав најдов многу сличности со актуелни ситуации и сметам дека е многу применлив концепт.

Омилен модул и зошто: Па навистина е тешко да се одбере модул бидејќи секој нов модул отвара нови видици, но и сите модули се испреплетени, поврзани и кохерентни. Ако, сепак, треба да одвојам, тогаш е Мерење на перформанс на вработени, но и Обука, учење и развој на вработените, заедно со Мотивација и проценка на вработени заради поврзаноста со моето образование и искуство како педагог и професор.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Повторно не можам да зборувам за избор на еден инструктор, па ќе ги споменам Викторија Дамчевска, Фросина Денковска Зафировска и Александра Тасевска кои успеваа со динамичен и интерактивен пристап да нè воведат во темите за да нè држат постојано во кондиција и постојано размислување, како и ангажирање за темите кои ни ги презентираа.

За 5 години сакам да бидам: Реализирана и успешна во нов професионален предизвик.

Хоби: Пешачење, пливање и прошетки во планина (со моето милениче Џиџи).

Омилена книга: Можеби ќе биде чудно за публиката, но се надевам и привлечно да погледнат некои од класичните филозофски дела, па за мене тоа периодов е книгата „Егзистенцијализам“ на Жан Пол Сартр.

Омилен цитат: I cannot make liberty my aim unless I make that of others equally my aim.“

 

Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!

На Академијата за човечки ресурси учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI!