Благица Бади Мировска – Dream Team студент на Академијата за човечки ресурси

Запознај ја Благица Бади Мировска – Dream Team студент на Академијата за човечки ресурси за месец ноември 2023.

 

Име и презиме: Благица Бади Мировска

По професија: Дипломиран педагог 

Академија: Академија за човечки ресурси

Зошто баш оваа област: Пред сѐ, бидејќи сум филантроп и имам аспирации да дадам креативен импакт во област која е полна со предизвици и бара идејни решенија на разноразни проблеми поврзани со најважниот ресурс на секоја компанија – вработените. 

Што те мотивира постојано да учиш: Моето животно мото е „Никогаш да не престанам да учам!“ без разлика дали станува збор за формално/неформално образование, од постапки на работното место, социјален живот/пријатели. И најважно од грешките кои не можеме да ги предвидиме, а кои се всушност важни животни лекции, за сите нас кои сакаме да бидеме подобра верзија од себеси. 

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Идеи како да си го преуредам своето CV и LinkedIn профилот. 3 во 1, креативно, моќно и професионално.

Омилен модул и зошто: Регрутација, селекција и онбординг – Totally ME! Зошто? Од каде да почнам, комуникација, познанства, динамичност, можност да правам позитивни промени во животите на луѓето, емпатија, импакт во креирањето на сликата за компанијата, различно секојдневие, warm welcome на новите вработени итн.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Моето патување наречено „Нови кариерни ХОРИЗОНТИ“, овозможено од Бреинстер, се лансираше на крајот на октомври, и бидејќи сум на сам старт, досега имав прилика да учам од 3 гуру експерти: Фросина Зафировска, Лилјана Секуловска и Викторија Дамчевска. Трите сосема различни, а воедно и уникатни на свој начин, ме воодушевија со пристапот (интеракција/комуникација), методот (лекции/работа на час) и размислувањето (искуство/примери) – така што не би можела да издвојам.

За 5 години сакам да бидам: Успешен и реализиран креативец во сферата на човечки ресурси.

Хоби: Возење велосипед, спорт и уметност – декупаж, витраж, цртање текстил и изработување накит.

Омилена книга: „Твојот втор живот, започнува кога ќе сфатиш дека имаш само еден“ – Рафаела Жордано 

Омилен цитат: “Everything you can imagine is real.“

 

Време е за твојата нова кариера, во новата ера на менаџментот на човечки ресурси!

Отсега, со Brainster+ зголеми ја твојата предност на пазарот на трудот. Надгради ги твоите вештини преку супериорна програма со сите 9 ФАКТОРИ за вработување, што ги бара индустријата.

Аплицирај на Академијата за човечки ресурси и добиј го супериорниот едукативен пакет Brainster+ 

Аплицирањето за ваучер заврши!