Запознајте ја Бојана Ковачевска – Dream Team студент на нашата Академија за Човечки Ресурси за месец март 2022.

 

Име и презиме: Бојана Ковачевска

По професија: Правник

Академија: Академија за Човечки Ресурси

Зошто баш човечки ресурси: Предвидувањата се дека HR ќе биде една од најпросперитетните професии со очекуван пораст на побарувачката на HR работни позиции на интернационално ниво. Додатно, мислам дека знаењето кое го стекнуваме на Академијата има примена и во други професии, како и во приватниот живот.

Што те мотивира постојано да учиш: Веројатно ќе звучи како клише, но мислам дека знаењето е најголемо богатство и инвестирањето во образование, формално или неформално, е наша најголема инвестиција која во крајна мера ќе ни овозможи да станеме нашата најдобра верзија. Повратот на таа инвестиција не мора секогаш да е монетарен. Верувам дека колку повеќе учиме нови нешта, запознаваме нови луѓе и култури, толку повеќе нашиот живот ќе е поисполнет и полесно ќе пронаоѓаме задоволство што и да правиме.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Иако имаме уште неколку модули до крајот на Академијата, како најинтересни досега би ги издвоила теориите за мотивација на личноста.

Омилен модул и зошто: „Мотивација на вработени“ – поради тоа што има широка примена не само во професионалниот, но и во приватниот живот. Луѓето се еден од највредните ресурси на една организација, нивното правилно мотивирање, развој и наградување, во крајна мера ќе биде од бенефит за организацијата.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Со оглед на фактот дека Академијата е моментално во тек, мислам дека е рано да се издвои еден инструктор бидејќи допрва треба да ги запознаеме останатите, но од досегашните би ја издвоила Викторија Дамчевска, поради нејзината уникатна спосбоност да го пренесе своето огромно знаење и да го направи материјалот интересен и интерактивен.

За 5 години сакам да бидам: Се надевам успешен HR професионалец.

Хоби: Филмови, серии, планинарење кога времето дозволува.

Омилена книга: Animal Farm – George Orwell

Омилен цитат: “Let everything happen to you, beauty and terror. Just keep going. No feeling is final”. ― Rainer Maria Rilke

 

Уписите за следната група на Академијата за Човечки Ресурси се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!