Запознај ја Катерина Шаркоска – Dream Team студент на нашата Академија за Човечки Ресурси за месец јануари 2023.

 

Име и презиме: Катерина Шаркоска

По професија: Дефектолог

Академија: Академија за Човечки Ресурси

Зошто баш оваа област: Конкретно регрутацијата како дел од HR беше тоа што иницијално ме привлече кон оваа област. Но, откако поминав добар дел од Академијата за човечки ресурси, можам да речам дека навистина се пронаоѓам во HR како целост.

Што те мотивира постојано да учиш: Мотивацијата доаѓа полесно кога тоа што треба да се учи е нешто што навистина нè интересира. Таа е уште посилна кога е комбинирана со амбициозност и желба за надградба и исполнувње на поставените цели!

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Психологијата отсекогаш ме интересирала, а во третиот модул имавме предавање за „Трансакциска анализа во менаџментот“, која навлегува во анализа на начинот на кој размислуваме, комуницираме и се однесуваме во одреден момент, а може да е под големо влијание на нашиот соговорник или на контекстот.

Омилен модул и зошто: Засега омилен ми е модулот на Регрутација, селекција и онбординг, бидејќи се усогласува со моите кариерни цели. Овој модул ги опфаќа суштинските елементи преку истражување на пазарот, пребарување на LinkedIn, интервјуирање, Pre-boarding и Onboarding, да обезбедиме врвен талент на компаниите, а истовремено да осигураме позитивно искуство на кандидатите. Модулот беше динамичен и интересен со доста практични задачи и проникливи предавања од вешт инструктор, како и гости говорници кои дадоа вредни сознанија. Нетрпелива сум да продолжам да учам и да ги проширувам моите вештини во оваа област.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Викторија Дамчевска поради нејзиниот менторски пристап, материјалите со интересни факти и часовите исполнети до последна минута со корисни “case studies”.

За 5 години сакам да бидам: Во следните 5 години, се стремам да бидам успешен регрутер со значително влијание врз бизнисите и поединците со кои ќе соработувам. Преку посветеност и континуирано учење ќе продолжам да ги усовршувам своите компетенции.

Хоби: Патувања, кросфит и серии.

Омилена книга: “The Girl with the Dragon Tattoo” by Stieg Larsson

Омилен цитат: “Success doesn’t come to you. You go to it!”

 

Уписите за следната група на Академијата за Човечки Ресурси се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!