Елена Рогановиќ Манчева – Dream Team студент на Full-Stack HR Академијата

Запознајте ја Елена Рогановиќ Манчева – Dream Team студент на Full-Stack HR Академијата за месец февруари 2022.
Име и презиме: Елена Рогановиќ Манчева
По професија: Економист
Академија: Full-Stack HR Академија
Зошто баш HR: Личност сум која е многу комуникативна, емпатична, полна со разбирање и едноставно ја сакам работата со луѓе. Академијата ми овозможува да се стекнам со широко знаење кое е употребливо во секојдневниот живот и истовремено да го поврзам со моето професионално искуство. Психологија на личноста е една од темите која отсекогаш ме интригирала.
Што те мотивира постојано да учиш: Веројатно љубопитноста во мојот карактер резултирала со потреба од постојано учење (така остануваме мотивирани и се стремиме кон прогрес). Како вработена и мајка на три деца, тоа бара висока динамичност, организираност и постојано учење. За среќа тоа е во склад со мојот темперамент. 😊
Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Некаде на половина пат сме до крајот на Академијата, сигурно има уште многу теми да се опфатат, но делот кој се однесува на карактеристиките на личноста и улогата на самата личност во мотивацијата, можам да го издвојам како особено интересен за мене.
Омилен модул и зошто: Мотивација на вработени – поради креативноста во градење на личен мотивациски план.
Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Навистина е многу тешко да се издвои посебен, секој од инструкторите со максимална посветеност, во сопствен стил несебично го пренесува своето знаење и искуство. Но, ако веќе треба да изберам еден од нив тоа би била Викторија Дамчевска која внесе прекрасна енергија за време на сесиите и секако поради својата студиозност и посветеност за заедничко постигнување на успех.
За 5 години сакам да бидам: Мотивиранa и исполнетa во приватниот и професионалниот живот со совршен work-life баланс.
Хоби: Патување, гледање серии, вежбање кое во поново време е заменето со пешачење.
Омилена книга: “Who Moved My Cheese?” – Spencer Johnson.
Омилен цитат: ”The way to get started is to quit talking and begin doing”. -Walt Disney
Уписите за следната група на Full-Stack HR Академија се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето на време!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!