Дијана Милошовска Стојчевска – Dream Team студент на Академијата за човечки ресурси

Запознај ја Дијана Милошовска Стојчевска – Dream Team студент на Академијата за човечки ресурси за месец август 2023.

 

Име и презиме: Дијана Милошовска Стојчевска

По професија: Магистер на правни науки

Академија: Академија за човечки ресурси

Зошто баш оваа област: Затоа што оваа област е во постојан развој и се карактеризира со динамичност, иновативност и креативност. Неопходно е многу знаење, професионалност, емпатичност, емоционална интелигенција, комуникација и холистички пристап. Погледнувајќи наназад, едноставно сфатив дека HR-от прерасна во моја професионална пасија со која живеам секојдневно и поради која постојано се едуцирам и развивам. Област во која се пронајдов себеси како личност.

Што те мотивира постојано да учиш: Најголемата мотивација за мене е желбата за промени и интенцијата за континуирано професионално подобрување. Постојаното учење нè подобрува и променува, ни ги подмладува мислите и ни ги проширува видиците, нè прави повредни индивидуи кои можат да дадат значаен придонес во својата работна средина.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Академијата нуди широк спектар за знаења и неконвенционални начини на предавања. Интересни ми се размената на диференцијални ставови и искуства, кои сметам дека претставуваат дополнителна вредност на секое предавање.

Омилен модул и зошто: Секој модул е посебен сам по себе. Дел од материјата што ја изучувам на модулите претставува дополнително проширување на моето знаење кое со сигурност би го користела во иднина.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Не би сакала да издвојам ниту еден инструктор бидејќи со секој од нив имам одлично искуство. Единствено би сакала да изразам благодарност на мојот коуч Александра Тасевска, за нејзината професионалност и човечка посветеност.

За 5 години сакам да бидам: Успешен HR професионалец во својата компанија.

Хоби: Читање книги, прошетки во природа…

Омилена книга: Од книгите што сум ги прочитала изминатиов период, посебно ја препорачувам „Црни водни лилии” од Мишел Биси. Да не ги заборавам и делата на Донато Каризи, Себастијан Фицек, Лусинда Рајли, Мишел Биси..

Омилен цитат: “Life is what happens while you are busy making other plans”.

 

Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!

На Академијата за човечки ресурси учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!