Катерина Митевска – Dream Team студент на Академијата за Човечки Ресурси

Запознајте ја Катерина Митевска – Dream Team студент на нашата Академија за Човечки Ресурси за месец август 2022.
Име и презиме: Катерина Митевска
По професија: Правник
Академија: Академија за Човечки Ресурси
Зошто баш човечки ресурси: Затоа што е интернационална професија и насочена кон иднината.
Што те мотивира постојано да учиш: Достапноста на материјалите, организираните лекции и инспиративните предавачи.
Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Не можам да издвојам една. Научив многу нови работи.
Омилен модул и зошто: Имам досега 2 омилени. Прв е модулот за „Регрутација“ затоа што сакам да пребарувам и правам детални анализи. Втор омилен е „Мотивација“, затоа што се поврзува со психолошките карактери на луѓето.
Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Лилјана Секуловска – for being bossy without being bossy.
За 5 години сакам да бидам: Успешен професионалец кој го спојува правото и човечките ресурси.
Хоби: Прошетки со миленикот, странски јазици, здрав живот.
Омилена книга: Стара, но сепак омилена: Џек Лондон – Повик на дивината.
Омилен цитат: “Success is a peace of mind which is a direct result of self-satisfaction in knowing you made the effort to become the best of which you are capable.“
Уписите за следната група на Академијата за Човечки Ресурси се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!