Овој текст е дел од серијата бесплатни лекции од Brainster во категоријата Дигитална ТрансформацијаРегистрирај се за уште 60 бесплатни лекции за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.

 

Во процесот на дигитализација на прво место се пojавува стравот од замена на работните места со технологијата. Ризиците од исклучување на вработените, намалената продуктивност и профитот може да бидат застрашувачки и лошо да влијаат врз работната сила.

Ова е посериознен случај во организациите со неразвиени ИТ апликации, системи и процеси, што резултира со високо сложен процес на дигитална интеграција.Ако не се направи добра стратегија, овие промени ќе влијаат на моралот на вработените, особено ако високите лидери во компанијата не ги појаснат причините за промената и ако не постават доволно јасни цели. Ако веќе постои страв или недоверба, вработените ќе бидат отпорни на промени затоа што ги гледаат како ризици во работата. Ова го спречува бизнисот да ги постигне долгорочните цели на трансформацијата.

Тука настапува одделот за човечки ресурси кој мора да биде главен дел од трансформацијата.

Потребни се разни вештини

Многу програми за промени во работата не успеваат бидејќи на тимот кој е подолго време во фирмата и на одборот на директори им недостасува потребното искуство за трансформациско управување за да ја насочат работната сила преку процесот. Дигиталната трансформација не смее да биде насочена кон несакана публика. Вработените кои се движат во насока на трансформацијата често имаат поинакви вештини од потребните и тешко им е да се справат со промените. Во оваа празнина, одделот за човекови ресурси мора да направи чекор напред и да преземе водечка улога, да ги разбере причините за дигиталната трансформација за да го води процесот напред без негативно влијание врз моралот на работната сила, ангажманот и продуктивноста.

Вработените ќе ги прифатат напорите за промена кога ќе имаат јасно поставени цели каде ќе се даде до знаење дека тоа ќе го направи бизнисот посилен и поконкурентен.

HR трансформација

Во изработката на програма за промени, треба да се започне од промена на самиот оддел за човечки реусрси. Процесите и системите кои ja попречуваат иновативноста, флексибилноста и агилноста на работната сила мора да се напуштат. Професионалците во човечки ресурси мора да ги артикулираат целите на трансформацијата одговарајќи на прашањата „зошто“ и „што“. Мора редовно да се следи пулсот на вработените, во спротивно ќе има негативен исход.

Добро е да се има брилијантен план за трансформација, но компанијата мора да го процени постоечкиот екосистем за да ги согледа можните недостатоци во вештините.

Потребата за човечки ресурси да ја преземе водечката улога е јасна и огромна. Дигиталната трансформација не може да биде насочена кон неподготвена публика. Лидерите од човечки ресурси мора да обезбедат ангажман за промени во компанијата, кога започнува, ако не и пред тоа, водејќи искрени дискусии за причините за програмата за промените на работната сила кои веројатно позитивно ќе резултираат.

Преземање на консултативна улога

HR треба да преземе улога на внатрешен консултант за раководството и одборот за импликациите на работната сила на дигиталната трансформација. На ваков начин HR може да помогне во ангажирање луѓе  кои ќе управуваат со напорите за дигитални промени.

Потребата за одделот човечки ресурси да ја преземе водечката улога е јасна. Човечкиот капитал е најважната форма на капитал на компанијата. Управувањето со луѓето за постигнување на нивниот најголем потенцијал е она што HR го прави.

Со оглед на тоа што дигиталната трансформација продолжува да биде клучна стратегија на сѐ повеќе и повеќе компании, професионалците од хумани ресурси, кои веќе го имале ова искуство, ќе бидат едни од најбараните луѓе за вработување.

 

Што сакаш да научиш следно? Одбери ја темата која сакаш да ја истражиш, и со брза регистрација стигни до 60 бесплатни лекции кои ќе ти пристигнат на е-mail.

Платформата Brainster лекции произлезе од неколкумесечната едукација преку работа на реални проекти на нашите студенти. Учесниците од Академијата за програмирање и учесниците од Академијата за маркетинг ја креираа оваа алатка преку која секој може да стекне вештини за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.

 

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.