Во овој серијал на текстови тимот на Brainster споделува Growth маркетинг алатки и техники кои ќе ти помогнат во градењето на кариера како маркетер.

Овие 3 алатки и уште 47+ ги користиме на Академијата за дигитален маркетинг на Brainster.

 

#1: SimilarWeb препорачано од Петар Ниновски, CEO на Brainster

SimilarWeb е одлична алатка за анализа на веб страници. Ти дава информации за рангирањето на страната, од каде ти доаѓа сообраќајот и те споредува со конкурентни страници преку прилично детални анализи. Со тие податоци ќе знаеш на што треба да поработиш, како да ја таргетираш правилно публиката и уште многу други работи со кои ќе го подобриш квалитетот на работата.

 

#2:  MailChimp препорачано од Александра Јанакиевска, CMO на Brainster

MailChimp е алатка за автоматизација на меилови. Има темплејти, ако немаш идеја како да ти изгледа мејлот, а можеш да си го направиш и from scratch онака како што ти сакаш. Можеш да направиш повеќе меилови за една кампања и си местиш кој по кој да стига и на колку време да се праќа. Има опција да видиш како би изгледал меилот на десктоп, мобилен и таблет, а можеш и да го тестираш, да си го испратиш сам на себе, да видиш каде и како стига. Многу добра алатка е за сите кои се занимаваат со маркетинг. Плус, бесплатна е ако имаш помалку од 2000 subscribers и ако не праќаш повеќе од 12000 меилови месечно.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=20&v=vX3ymDRhYbk

 

#3:  Bitly препорачано од препорачано од Николина Цветановска, студент на Академијата за Дигитален Маркетинг

Bitly е мошне едноставна и мошне корисна алатка! Бесплатен link shortener – само го внесуваш линкот, го стискаш копчето Shorten и добиваш скратен линк. Некои од линковите што ги испраќаш и добиваш на дневна база се релативно кратки. Ама има и такви што се 3 реда во word документ со 12 фонт, нели? Стварно не е кул да праќаш такви линкови, кога може да пратиш линкче од 20 карактери. Оваа алатка ти дава уникатен линк, безбедна е и многу лесна за користење.

 

 

Погледни ги и претходните Growth Маркетинг алатки и техники за 2018 #8.

Со љубов,

Tимот на Brainster.

 

 

Како до 1.000.000€? 🤫