Growth Маркетинг алатки и техники за 2018 #6

Во овој серијал на текстови тимот на Brainster споделува Growth маркетинг алатки и техники кои ќе ти помогнат во градењето на кариера како маркетер.

Овие алатки, заедно со 47+ ги користиме на Академијата за дигитален маркетинг на Brainster.

 

#1:  Giphy  препорачано од Марија Јанеска, дипломирана на Академијата за Дигитален Маркетинг

Ова е алатка за креирање на gif-ови. Можеш да одбереш од веќепостоечките gif-ови или да си направиш твои. Можеш да прикачиш слика или видео, да одлучиш колку секунди да трае, можеш да додаваш текст, анимации, стикери и филтри и можеш да црташ. Има опција и за правење на 3D gif-ови, иако тоа е малку посложено. Во секој случај, забавна алатка е, дава доста опции, бесплатна е и не мора да се регистрираш за да ја користиш.

 

#2:  Card generator препорачано од Николина Цветановска, студент на Академијата за Дигитален Маркетинг

Card Generator е алатка која генерира кредитни картички! Звучи малку нелегално, но воопшто не е! Алатката генерира податоци за Visa, Master Card и American Express кои може да ги користиш ако треба да внесеш податоци за платежна картичка на некој сајт, а поради некоја причина не сакаш да ги ставиш твоите податоци. Може да се користи за добивање бесплатни trial верзии и регистрација на сајтови. Секако, податоците на картичките не се веродостојни, сметките не постојат навистина и не може да ги користите за купување продукти или услуги за кои треба да се плати.

growth alatki

#3:  Mailcastr препорачано од Александра Јанакиевска, CMO на Brainster

Екстензија за chrome за real-time e-mail tracking, односно за покажувањe seen. Ти покажува дали е отворен мејлот што го имаш пратено. Со оваа екстензија секогаш ќе знаеш дали некој се уште не го прочитал мејлот или само те игнорира. Ако праќаш newsletters можеш да следиш кои од твоите контакти ги отвораат мејловите, а на кои џабе им праќаш. Можеби нема да бидеш задоволен од резултатите, но можеби ќе ти помогне за подобрување на маркетинг стратегијата која ја применуваш сега. Има и апликација со истото име, која ти овозможува следење на мејловите и преку мобилен телефон.

 

Погледни ги и претходните Growth Маркетинг алатки и техники за 2018 #5.

 

Со љубов,

Tимот на Brainster.

Related Stories For You