Овој текст е дел од серијата бесплатни лекции од Brainster во категоријата Growth Hacking. Регистрирај се за уште 60 бесплатни лекции за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.

 

Web страна, родена од идејата на двајца дизајнери кои не можејќи да си ја дозволат киријата во Сан Франциско, одлучуваат да го претворат нивниот апартман во сместувачки простор.

Сметајќи дека Craiglist e многу безличен за да го прикачат нивниот оглас таму, прават сопствена страна. Ги добиваат првите клиенти и секој од нив плаќа по 80$. Веќе по првиот викенд, стигнуваат мејлови од цел свет со интерес за истата услуга на други локации.

Традиционалниот маркетинг (купување рекламен простор) во трката со конкуренцијата би ја банкротирал компанијата. Тука доаѓа Growth Hacking-от!

Hack #1: Интеграција со Craiglist

AirBnB сфатиле дека еден од сајтовите каде што е голем дел од нивната публика е Craiglist. Сајт со класифицирани реклами во категории посветени на работа, сместување, продажба, сервиси, форуми и сл. AirBnB го искористиле ова на начин што ги охрабриле хостовите да ги споделат нивните огласи и на Craiglist. Одеднаш секој кој пребарува сместување за годишен одмор или патување на Craiglist, во бројни професионални огласи се среќава со името AirBnB. Brand Awareness резултатот од ова е голем раст бидејќи нивните огласи биле многу подобри во поглед на структурата, дизајнот, сликите и привлечноста. Па така биле апсолутно подобри и поприметливи од останатите. Може да се каже дека добро се провлекле.

growth hacks na airbnb

Hack #2: Referrals

Во 2013 Аirbnb ја лансира својата referral програма: Покани пријател и подари му ваучер од 25$ за сместување, а ти добиј 15$ кога тие ќе патуваат и 80$ доколку издаваат сместување. Кој не сака екстра џепарлак за патување?

Бидејќи поголем дел од нивната публика веќе била преселена на мобилен телефон, лансираат апликација која поддржува испраќање и примање на мобилни referrals и тоа ги зголемува споделувањата. Стапката на конверзија ја зголемуваат и со тоа што создаваат content каде изгледа како нешто да се подарува, а не како да се промовира. После многу мерења и тестирања докажуваат дека поканите со слика од испраќачот уште повеќе помагаат при конверзијата. Referral програмата резултирала со стотици илјади резервирани ноќи и ја зголемила стапката на резервирање за 25%. Покажано е дека оние кои се поканети од пријател, се полојални и нивните следни патувања ги резервираат преку AirBnB.

growth hacks na airbnb

Hack #3: Професионален фотограф

Овој проект на почетокот на лансирањето во 2012 год, се однесувал само на Њујорк, и таму се ангажирани 20 фотографи. Оваа услуга била бесплатна сѐ со цел да се оптимизираат „глупостите“ во содржините кои се објавуваат. Оваа опција се покажала како доста паметно решение и станува вистински хит. Опцијата сѐ уште постои, но сега им се наплаќа на хостовите. Тие можат преку сајтот да закажат професионален фотограф кој ќе им направи квалитетни фотографии од нивниот простор. Денес AirBnB соработува со 2000+ фотографи низ светот. Овој hack го зголемил резервирањето на просторите за 3 пати само во првата година.

growth hacks na airbnb

Оттука AirBnB го добива почетниот залет за да тргне без да потроши милиони на реклами.

 

Што сакаш да научиш следно? Одбери ја темата која сакаш да ја истражиш, и со брза регистрација стигни до 60 бесплатни лекции кои ќе ти пристигнат на е-mail.

Платформата Brainster лекции произлезе од неколкумесечната едукација преку работа на реални проекти на нашите студенти. Учесниците од Академијата за програмирање и учесниците од Академијата за маркетинг ја креираа оваа алатка преку која секој може да стекне вештини за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.

Related Stories For You

НОВО | Академија за DATA ANALYTICS и Академија за SALES 👉 👉