„Стартап алатки“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница каде што секој ќе може да учи и да сподели практични вештини. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите.
Кога и да пишувате било каков текст на англиски постои дилема – дали се е граматички точно напишано. Особено кога се работи за службени документи или содржина која треба да ја објавите на вашиот блог или бизнис сајт. Бидејќи не секогаш имате време да се консултирате со официјален преведувач тогаш зошто да немате личен помошник секогаш покрај вас. Да токму така… запознајте го Grammarly.
Grammarly e алатка која ќе ве следи додека пишувате и ќе ги поправа сите ваши грешки, печатни и граматички. Со Grammarly ќе ги елимимирате сите грешки и ќе го подобрите значењето на она што сакате да го напишете. А најдоброто од се е што можете да го користите буквално секогаш. Само со инсталирање на екстензија на вашиот пребарувач ќе може да го користите Grammarly кога пишувате мејлови, постирате на социјални медиуми, креирате блогови па дури и кога разговарате со вашите пријатели. Најдоброто до се е што можете да го инсталирате на вашиот компијутери и да работите во Word дирекно од вашиот десктоп.
Можеби ќе ве интересира:
- Rhei Clock: Времето тече во буквална смисла – Производ на денот #15
- Едноставна дизајнерска алатка за content маркетинг – маркетинг алатка #15
- Prezi – моќна алатка која ке ве претвори во одличен презентер – стартап алатка #15
Основната верзија на Grammarly е целосно бесплатна за користење па подобро да ја пробате веднаш. Доколку сте прилично добри во англискиот јазик и имате потреба од само неколку поправки тогаш основната верзија дефинитивно ќе ви заврши голема работа. Но доколку имате потреба од постојана помош, па дури 24 часовна подршка 7 дена во неделата како и преку 250 типови на проверки можете да си ја обезбедите премум верзијата која ќе ве чини 29,95$ месечно или 11,66$ доколку уплатите за цела година однапред.
Популарни курсеви:
- „Фото Старт: Почетен курс по професионална фотографија”
- „Како да креирате CV кое ќе ве вработи“
- „Storytelling: Како да пишувате за странски медиум“
Grammarly исто така нуди и можност и да ја проверите оргиналноста на вашите содршини. Пребарувачот за плагијат на Grammarly за многу кратко време ќе провери колкав процент од вашиот тект е оргинален или веќе постои некаде на некоја друга веб страна или блог.
Што мислите, дали би ја користеле оваа алатка?
Сакате да добивате известувања за бесплатните курсеви: Регистрирајте се тука
Среќно,
Brainster заедницата