Brainster Grader: Оцени го твоето знаење за дигитален маркетинг!

Grader e бесплатна алатка која користи за да провериш кои маркетинг вештини ти се јака страна а кои треба да ги подобриш.

Овој бесплатен продукт е заеднички проект на учесниците од Академијата за програмирање на Brainster во соработка со Академијата за дигитален маркетинг на Brainster. Продуктот е еден од реалните проекти кои се изработуваат за време на Академиите.

“Мерачот на знаење” е поделен во 4 категории и тоа: Digital маркетинг, Social Media маркетинг, E-mail маркетинг и Search Engine Optimization.

Учењето дигитални вештини никогаш не било полесно и подостапно. Како иновативна компанија за едукација, сметаме дека маркетинг индустријата еволуира од денес за утре, но не секој кој директно зависи од оваа област е спремен да одговори на брзите промени.

Идејата на оваа алатка е  како маркетер да провериш колку реално имаш познавање од вештини како Growth Marketing, Google Analytics, Side Project Marketing, SEO, SEM и што ти недостасува за да почнеш кариера како маркетер.

Дигиталниот маркетинг не е нешто што можеш да го научиш само еднаш. Потребен е постојан развој на вештините за да останеш релевантен на пазарот на труд. Во моментов, побарувачката за дигитални маркетери е поголема од било кога, а ќе расте.

 

 

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.