Како една од најредовните во Brainster, Ивана може да се пофали со неколку нови вештини кои ќе и помогнат во дигиталната кариера! Последно се дружевме на Курсот за Google рекламирање и има супер совети за сите почетници и оние кои сакаат да откријат колку е моќен Google светот.

 

Здраво Ивана, претстави ни се! 🙂

Здраво, јас сум Ивана Доневска, дипломиран графички дизајнер, наскоро и магистар по дизајн и мултимедија 🙂 Моментално работам по струка, но за да останам во чекор со новите иновации и трендови имав потреба да го проширам знаењето и во други области, најнапред професионално па така дојдов до Brainster и започнав со курсеви на малку поразлични теми од оние во мојата бранша.

Беше на курсeвите за Google рекламирање и Search Engine Optimization. Што ти се допадна најмногу?

Моментално проектот кој го работам е во областа на е-commerce па затоа и започнав на курсеви за SEO и Google Adwords. Имав мало самоуко (читај туторијали :)) знаење, па потребата за посериозно надградување растеше и започнав со SEO, супер и динамичен курс каде што научив дека за една веб страна да има органски traffic за да биде добро рангирана на пребарувачите SEO е од круцијално значење. Бидејќи ми се допадна концептот на Brainster, потоа се пријавив и на курсот за Google Adwords – еден одличен систем за рекламирање со помош на keywords со кој се прават кампањи за со цел производот да ни се прикаже на Google. Колку подобра стратегија, толку повисок пласман во рангот.

За што ги употреби овие вештини?

Овие вештини ми беа многу потребни за рекламирањето на веб страната и ги користам постојано во усовршување на концептот и главната цел на самиот бизнис. Во план ми е да продолжам повеќе кон дигиталниот маркетинг, па чекам нови курсеви од Brainster 🙂

Според тебе како се напредува на професионално поле?

Како што споменав претходно, за да бидеме во чекор со времето и да ги следиме новите технологии, мора да се бориме со конкуренцијата и постојано да учиме за другите области околу нас. Иако мојот домен е малку поинаков од интересот во моментов кој го налага работата, секако тоа не смее да биде препрека затоа што секој човек може и мора да се надградува себеси целиот живот.

Работа од соништата?:)

Реални или нереални соништа? 🙂 Искрено, се надевам дека во иднина ќе имам можност за усовршување надвор од државата, па веројатно мојата работа од соништата би се остварила таму, веројатно каде што просперитетот би бил поголем. А, во однос на пореалниве соништа тука, претпоставувам дека би сакала да работам универзитетска работа.

google reklamiranje