Претходните генерации беа и сѐ уште се склони кон купување на продукти и услуги за кои се информираат преку реклами на телевизија и телемаркетинг. Има многу студии кои покажуваат дека навиката за купување се создава во тинејџерските денови. Порано телефонот и телевизијата беа откритие. Сега сме повеќе од свесни дека е интернетот. Што преземаш во врска со ова?
Generation Z, односно генерацијата 1995 – 2012, се идната таргет група на секој бизнис.
Неколку работи кои ќе ги научиш на бесплатното предавање: Маркетинг концепти за генерациите X, Y, Z ќе бидат посветени на потрошувачите од Generation Z. За нив треба да знаеш дека…
– Во 2015 година, оваа генерација опфаќала 26% од светското население, а до 2020 се очекува да биде 33%.
– Денес оваа генерација е одговорна за 25% од потрошувачката, а оваа бројка се очекува да се зголеми на 40% за десет години.
– Опкружени се со технологија откако знаат за себе. Користат мобилни телефони од рана возраст. Тоа го знаат, тоа го сакаат, тоа е нивната комфорт зона.
За да креираш маркетинг стратегии и да им се приближиш, мора да да ги земеш предвид сите карактеристики и да се прилагодиш на сите нивни навики.
Сѐ повеќе користат технологија
Многу од нив не се сеќаваат на времето пред Google. Размислуваат во 4D, носат часовници чија основна функција не е да покажуваа точно време и никогаш немале потреба да држат хартиена мапа.
80% го користат својот smartphone повеќе во однос на лани, за 42% е зголемено користењето на лаптопи, за 24% користењето на таблети, а за 10% користењето на smartwatches. Скоро секогаш се онлајн и се првата генерација за која реалниот живот и дигиталниот свет се подеднакво важни. 60% од нив не користат апликации и не отвораат сајтови кои се бавни. Лесно се прилагодуваат на промени, поготово на технологија која им заштедува време.
Ценат брза реакција и мобилност. Не сакаат нивното време да се троши залудно. Генерација Z бара повеќе од претходните генерации. Сакаат да ги исполниш нивните барања. Не постои веќе лојалност кон некоја компанија или бренд. Доколку не можеш во моментот да ги задоволиш нивните потреби ќе се префрлат на некој кој го може тоа.
Зависни се од социјални медиуми
2/3 купуваат производи и услуги преку социјални медиуми. 44% од генерацијата купуваат нов мобилен на секои 2 години. 2/3 се согласуваат дека ерата на приватност е завршена и не се вознемирени поради тоа, додека 63% се чувствуваат изгубено без нивниот smartphone. 8 од 10 се активни на социјални медиуми. Најкористени апликации им се Youtube (56%), WhatsАpp (47%), Facebook (38%), Instagram (30%), Twitter (22%), Snapchat (20%) и Google Apps (19%).
Покажи им дека ги разбираш и прифаќаш социјалните медиуми и тој начин на комуникација. Со тоа инстантно ќе ја добиеш нивната почит.
Сакаат да контролираат
Знаат да ја искористат достапноста на информации која ја нуди дигиталната ера. Комуникативни се, користат социјални медиуми како заедничка форма на изразување и се многу поамбициозни од претходните генерации. Ова е прва генерација во која повеќе од половина се контент креатори. 52% споделуваат контент креиран од некој друг, додека 43% креираат контент на неделна база.
Нахрани ја нивната потреба да бидат главни. Најобично гласање за слика која треба да се искористи ќе им создаде илузија дека тие контролираат нешто со искажување на нивното мислење. Ако ги третираш како „соработници“, а не како клиенти веднаш ќе добиеш одобрување.
Имаат свој јазик за комуникација
Трпението не им е јака страна. Претпочитаат визуелизации место текст, комуницираат преку emojis и постојано се под стрес дека ќе пропуштат нешто. Дури имаат и термин за тоа (FOMO – fear of missing out).
Користи го нивниот јазик. Текстовите нека ти бидат кратки и лесни за читање. Комуницирај често, со кратки пораки. Користи визуелизации за да комуницираш со нив – тоа најмногу ги привлекува оваа критички настроена таргет група. Искористи го нивниот страв од пропуштање на работи. Дај им го знаење дека пропуштаат ако не те следат токму тебе.
Уписите за Академијата за дигитален маркетинг се во тек. Види ја програмата тука.