Во потрага по практични вештини и нова дигитална кариера, Ивица Ѓорѓиевски слета во Brainster на Академијата за програмирање. Оваа недела е избран за програмер на неделата.
Уписите за Академијата за програмирање се во тек, види ја целосната програма тука.
Кој е Ивица и што значи да се биде еден од најдобрите програмери на Академијата?
Ивица е 25 годишен ембрион од full stack web developer од Гостивар, со надеж да се роди во постоечки web developer кој ќе работи на предизвикувачки и интересни проекти во иднината. Тоа што ме избраа за учесник на неделата ми значи многу, затоа што реафирмира што сум сфатил и до каде сум стигнал со учењето. Исто е голема мотивација да продолжам да работам напорно на совладување на новите предизвици.
Што правеше пред Академијата за програмирање?
Пред Академијата за програмирање бев незадоволен студент на Градежен факултет во Скопје. Градежен ме научи дека животот како градежен инженер нема да ми биде лесен, и решив да барам кариера во IT.
Која е причината што те натера да станеш дел од оваа интензивна програма за програмирање?
Барав начин да стекнам знаење без да посетувам традиционално образование (се мислев за ФИНКИ, но фактот што имав 24 години, и имав одбивност кон тој систем на образование ме оттргна од тоа), кога почнав да разгледувам програми на разни академии и курсеви за програмирање. По мало истражување и мојата љубопитност за како функционира една веб страна, се решив да изучувам front end заедно со back end технологии. Наидов на страната на Brainster на фејсбук и разгледав што нудат. Разгледав и некои други академии, и решив да аплицирам на Aкадемијата за full stack web dev на Brainster. Искрено бев исплашен затоа што немав никакво искуство со програмирање, но земајќи ги во предвид успешните приказни од Brainster спремен бев да жртвувам некои работи од животот и да се посветам комплетно, ако значи дека на другиот крај ќе имам шанса да работам на нешто интересно.
Што е потребно за да се стигне до проактивноста која ја покажа до сега?
Уште од почетокот на Aкадемијата, јас ја сметав Aкадемијата како full-time job. Редовноста на часови и завршувањето на домашните на време и со полни поени си ги зедов како личен предизвик, и досега не се разочарав себеси. За во иднина планирам истиот mindset да го применам и кога ќе се вработам, затоа што програмирањето е флуидна маса која постојано се менува. Личниот прогрес и надградување се како addiction за мене, работејќи секојдневно и после секој пад сум со надеж да се издигнам уште повисоко.