Мартин Поповски – учесник на неделата од Академијата за програмирање

Тhere are no shortcuts! Да се биде добар програмер значи да се размислува логички, но и да се бара креативно решение на проблемот. Мартин Поповски е еден од најдобрите учесници на Академијата за програмирање и решивме да го прашаме како успеа да ги совлада досегашните предизвиците.

Уписите за Академијата за програмирање се во тек. Види ја целосната програма тука.

1. Мартин од Академијата за Front-end програмирање, заслужено е учесник на неделата. Претстави ни се на кратко, кој е Мартин и зошто одлучи да бидеш дел од Академијата за програмирање?

Здраво, јас сум Мартин Поповски, дипломиран економист, во моментов работам во банка во сектор за електронско банкарство и сум студент на Академијата за front-end програмирање.
Во слодобно време сакам да изгледам некој добар филм или спортски натпревар, а фитнесот ми е хоби и ми помага да се релаксирам после напорниот ден.
За академијата  дознав преку социјалните медиуми, а потоа ми ја препорачаа и пријатели. Ми се допадна целата програма, од начинот на предавање до идејата за изработка на реални проекти кои се корисни за заедницата. Јас сум млад, амбициозен,  креативен, сакам предизвици и сакам да учам нови работи и да се надградувам.  Сметам дека јас и Brainster сме одлична комбинација и затоа одлучив да бидам дел од Академијата 🙂

2. Што мислиш дека ќе ти биде најголем  предизвик за совладување?

Во моментов на Академијата учиме JavaScript, програмски јазик, кој бара многу посветеност и вежбање за да се научи. Секако учењето на JavaScript го сметам за предизвик, меѓутоа како што кажав и претходно, сакам предизвици и затоа сум дополнително мотивиран за да го совладам.

3. Според тебе кој е најдобриот и најефикасниот начин за да се научи програмирање?

Како што би рекол Петар, there are no shortcuts 🙂 . Значи  за да се научи програмирање треба да се вложи многу труд, треба да се вежбаат задачите и да се биде упорен.
Најважно од сѐ е да се размислува логички и понекогаш да се бара креативно решение на проблемите.

4. Што би им препорачал на идните студенти на Aкадемијата за програмирање?

Моја препорака  е да се стремат кон нови предизвици и нови достигнувања. Најважно од сѐ е да бидат храбри, цврсто да веруваат во себе и во своите можности и никогаш да не се откажуваат.

 

Уписите за Академијата за програмирање се во тек. Види ја програмата тука.

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

10 Компании. 100 Студенти. 1000€ Ваучер.