Facebook и Instagram низ годините станаа нашата лична карта и животно портфолио. Пробај, па разубеди ме дека има некој попопуларен тандем, освен можеби… кечапмајонез? ?

Популарноста и „важноста“ на начинот на кој ги користиме се огледува во постоењето на поимот „personal branding”. Со животниот стил и ставовите кои ги пласираме на Facebook и Instagram – ние всушност градиме сопствен бренд. Да, дури и ние, со неколкутe стотици следачи на Instagram кои плашливо одбираме соодветни стикери и размислуваме дали Valencia или Juno филтерот би одел подобро со макијатото на story. ?

Истото се однесува и кога се бизнисите и организациите во прашање. Квалитетното присуство, оригиналната содржина, личниот печат и автентичноста се клучните фактори за да бидеш забележан и успешен на овие медиуми.

Затоа, да видиме што велат трендовите- како ќе се „носат“ Facebook и Instagram наредниов период, и што ќе биде ин?

1. Сториња, сториња, и уште сториња

Иако на Facebook не заживеаја, Instagram на големо ги користи сите предности на оваа опција. Воведувањето содржини кои во себе носат доза на augmented reality вртоглаво ја зголемуваат интеракцијата со следачите, поврзаноста и задржувањето на нивното внимание. А, знаеме колку е тешко денес да задржиш нечие внимание online. Затоа, очекуваме уште многу нови  функционалности поврзани со сторијата од страна на Instagram, како и нови иновативни начини на кои брендовите и поединците ќе ги користат за интеракција со следачите.

Кампања на Starbucks- Instagram Story 

2. Персонализирани пораки

Апликациите кои се користат за разменување на пораки како Facebook Messenger ја надминаа комуникацијата на newsfeed-овитe на овие социјални мрежи. Корисниците преминуваат „од шанк на сепаре“, односно, посегнуваат, посакуваат и се стремат кон персонализирана содржина која ќе биде креирана само и специјално за нив. Она што разменувањето на пораки го прави да биде интересно, на пример, за брендовите или онлајн продавниците е дека тие лесно можат да дојдат до посакуваната публика, да се поврзат со нив и да разберат како таа функционира.  

3. Паметно рекламирање

Органскиот досег и официјално е мртов, веќе не се ни дискутира околу тоа. Затоа брендовите своите стратегии веќе целосно ги базираат на платени содржини. Буџетите вртоглаво растат, а цената за рекламите се качува како што се зголемува конкуренцијата за ограничениот број рекламни слотови на Facebook. Затоа е мошне важно да бидете вешти во управувањето со вашите кампањи на Facebook и Instagram. Во спротивно вашите реклами ќе бидат скапи, неефикасни и неисплатливи. Ако уште не се чувствувате сигурни и доволно вешти да креирате добра кампања за вашиот бренд – наскоро започнува нашиот Курс за Facebook и Instagram рекламирање.

 

Facebook и приходите што ги остварува од платени реклами, изразени во билиони долари

извор: business2community.com 

4. Видео, подкаст и Live-stream

Намалениот праг на внимание придонесе видеото да доминира над пишаната содржина на интернет. Од славата на Youtube, преку Facebook Watch, до Instagram TV, социјалните мрежи секогаш биле заинтересирани да потенцираат добра видео содржина.

Видео маркетингот станува многу попривлечен и за брендовите, но и за корисниците за кои таа содржина природно се истакнува од останатите. Visual appealing e харизмата на овие платформи. Бидејќи рекламите во рамки на видео-содржините остануваат едни од најиритантните, брендовите ќе мора да допрат до конзументите на видео-содржините на друг начин – преку уникатни содржини, сопствени канали, подкаст и Live-стримови.

Што заклучивме од овие модерни трендови ?

Креирањето содржина на Facebook и Instagram во наредниот период повеќе ќе се фокусира на новите технологиии и креирањето на доверба и цврста врска помеѓу тебе и твоите следачи.

Единствениот начин добро да „пливаш“ во морето на податоци, промени, нови алатки и технологии кои се користат на овие платформи е да се осигураш дека:

  • Ја разбираш твојата публика
  • Добро си ја одредил стратегијата која ќе ја поставиш
  • Имаш направено добра распределба на времето и на буџетот
  • Се трудиш да изградиш цврста врска помеѓу тебе и твоите корисници во секоја кампања.

На Курсот за Facebook и Instagram рекламирање заеднички ќе ги разјасниме и разработиме сите овие теми и дилеми поврзани со доброто и правилно рекламирање. Резервирај си место тука 

Како до 1.000.000€? 🤫