Стартап Алатки #4
“Стартап алатки” е серија од микро постови создадени со цел да ги запознаеме македонските иноватори и стартапи со корисни алатки кои можат да ги користат при развивање на нивните производи. Оваа иницијатива е на brainster заедницата
#4 Evernote
Треба да направам ова… треба да направам она… треба да направам вака… треба да направам така… ова може да биде интересно…
Дали Ви звучи познато ова? На што или поточно на кого ве асоцира? Тоа сме ние… претприемачите. Луѓето истражувачи, со соништа, со идеи, на кои мозокот им работи 200 на саат (како што би рекле некои).
Во време кога имаме се повеќе работни задачи и обврски, а се помалку време и останати ресурси, потребен ни е начин да се организираме како би си ја подобриле продуктивноста. Една таква алатка која може да ни помогне во врска со ова е Evernote.
Погледнете го ова извонредно анимирано видео од ThinkSwitch
Evernote претставува една од најпопуларните апликации за продуктивност и станува се попопуларна. Можеме да го користиме на начин и за нешта за кои ние сакаме и како сакаме, и затоа луѓето од Evernote не даваат многу насоки за тоа како да го користиме.
Алатката претставува “задолжителна опрема” за блогери, претприемачи, професионалци или за секого кој поминува голем дел од неговото време онлајн. Најдобрата работа во врска со Evernote? Бесплатна е, можете да ја користите на начин на кој вие сакате и е достапна на сите платформи!
Мотото на Evernote е …Remember everything! Кратко, јасно, концизно, моќно! Два збора кои совршено го опишуваат производот и неговата широкопојасна примена. Evernote е повеќе од место за забелешки… Може да биде место за забелешки, таск менаџер, to-do листа, потсетник, архивер, cloud storage, собирач на постови и се останато што може да ви падне на памет.
Некои го користат Evernote за да ги зачуваат своите:
- Забелешки од состаноци
- Споделување и делегирање на таскови
- Клиентски забелешки / Забелешки за проект
- Музика (chords, tablature, etc.)
- Планови за патување
- Мотивациски афоризми
- Рецепти
- Битни документи
- Bucket list
Постојат и други начини како да сочувате информации, но ниедна друга опција не е толку богата со опции и функционалности и достапност како што е Evernote. Исто така, постојат и доста голем број на plugins за Evernote, давајќи ви можност да го моделирате согласно Вашите потреби.
За повеќе инфо како можете да го користите Evernote, можете да ги проверите следниве линкови:
Среќно
brainster.co заедницата
Ако ви се допадна овој пост, посетете ја серијата на микро постови на овој линк. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со вашите пријатели.