Ема Радончиќ, како што се нарекува себеси: филолог кој се бави со PPC аналитика. Мала шега, но сепак вистинита. Се радуваме на успехот на Ема како една од првите студенти на Академијата за дигитален маркетинг во Brainster која денес работи во Slice, меѓународна компанија која ги спојува љубителите на пицата со прекрасни локални пицерии кои ја гаат традицијата на автентична пица.

Колку време веќе се занимаваш со дигитален маркетинг?

Со дигитален маркетинг почнав уште далечната 2011 како content и SEO. За жал, потоа направив една прилично долга пауза и сè што знаев беше сменето од корен. Се сеќавам тогаш користевме meta tags (ах, златни времиња) кои денес Google не ги ни чита. По завршувањето на додипломските студии – Англиски јазик и книжевност, решив да го надокнадам пропуштеното. Додека разгледував опции во државата и странство сфатив дека сите опции ми се горе-доле исти: долги студии од година-две со многу теорија, а праксата ќе требаше сама да ја најдам. Тогаш ја најдов Brainster Академијата за дигитален маркетинг преку Facebook, што беше сѐ што мене ми требаше! Многу практично работење во релативно кратко време.

Рече дека си филолог примарно по професија. Што те натера да направиш ваква кариерна промена?

Со сета почит и љубов кон поранешните колеги со кои се слушам и ден-денес, но едноставно тогаш го достигнав плафонот на тоа работно место. Сакав нешто повеќе, да напредувам, да отворам нови поглавја.
Моето прво искуство во маректингот го стекнав во Националната библиотека „Климент Охридски“. Со тогашниот web developer добивме задача да ја редизајнираме веб странта на Библиотеката и да се отворат профили на социјалните медиуми. Знам дека сите што со години работат SEO ќе се насмеат кога ќе им спомнам мета тагови ?

Што до денес денес ти остави најголем впечаток од Академијата и кои беа најголемите предизвици за тебе додека ја слушаше?

Најголем впечаток… часовите со Дарјан! Тогаш ни на крај памет не ми беше дека некој ден ќе „живеам“ во Google Ads со мотото test – optimize – test again!
Нема да лажам кога ќе кажам дека ниту во средно не сум имала толку домашно како на Академијата. Наоѓањето на балансот помеѓу работа – предавања – домашно ми беше еден предизвик кој го совладав и оваа способност ми помага не да завршам down the rabbit hole.

Моментално работиш во Slice. Раскажи ни за ова твое достигнување и какво е искуството да работиш во меѓународна компанија?

Љупка Наумовска на едно предавање ни кажа: „Луѓето во маркетингот преминаа од Mad man во Math man.“ Не ја разбрав тогаш баш најдобро, ама денес сум секојдневно во дружба со Excel табели во Slice каде секоја одлука ни се потпира на обработка на податоци.  Тоа е компанија која ги спојува љубителите на пицата со прекрасни маалски пицерии кои ја гаат традицијата на автентична пица. Дел сум од тимот кој е на први линии со потрошувачите. Искрено тешко е да одвојам само еден аспект од работата.. Ми се допаѓа тоа што постојано сме во потрага по платформи каде што се и нашите потрошувачи и за секоја одлука се потпираме на big data. За ова соработуваме со нашиот внатрешен тим за аналитика, но исто така и со многу успешни компании како AppsFlyer. Друг аспект во кој уживам е можност да учествуваме во Beta верзии на нови платформи за рекламирање на Google со кои сме во постојана комуникација. Ги има уште многу многу, би можела да пишувам со денови.

На какви проекти работиш во Slice? Како би го опишала ова твое професионално патување?

Во моментов работам на мапирање шеми на однесување на поштрошувачите во одредени пазари и пронаоѓање тактики кои најдобро би му помогнале на мојот тим да ги достигне зададените цели. За мене ова е една голема авантура. Потрага по подобрата јас како маркетер која не завршува. Ниту еден пат не е лесен. Но јас имав среќа да наидам на добри ментори кои ми помогнаа да бидам овде каде што сум денес.

Кои се твоите совети за луѓето кои се спремаат за ваква професионална трансформација?

Не се плашете од предизвици. Растот почнува онаму каде што завршува комфорната зона. Бидете љубопитни, истажувајте, надоградувајте се. Најбитно од сè, никогаш не си кажувајте дека сте престари за нешто. Секој живее во својата временска зона.

Кои се твоите навики за кои мислиш дека најмногу ти помогнале да успееш да ја направиш оваа трансформација во кариерата?

Би издоила две: жед за учење нови работи и љубопитност. Ова најдобро го знаат предавачите од Академијата ?

Останаа уште само неколку слободни места на Академијата за дигитален маркетинг. Ако размислуваш да започнеш кариера во оваа професија, аплицирај тука уште денес и резервирај го своето место на време!