Поразговаравме со Елена Саздовска, студент на Академијата за дигитален маркетинг во Brainster, HR-магистер, основач на Ride24mtb, пред се’ за важноста на поседување на сите дигитални вештини денес како business owner и за тоа како дигиталниот маркетинг и’ помогнал да го развие соптвениот бизнис на уште повисоко ниво. 

„За себе можам да кажам дека сум организирана личност, знам што сакам и знам што правам, сакам да учам нови работи, да се надоградувам и усовршувам во истите. Комфор зоната и шаблонската работа никогаш не ми биле предизвик, најпрво ми ја нарушуваат креативност, а воедно и волјата за напредок. Луѓето се демотивираат поради страв од неуспех, страв од финансиска нестабилност, како и страв од промена. Смета дека промените никогаш не се движат во негативна насока, се додека имаме јасна цел, визија и мисија и сме максимално фокусирани. Ми се чини дека има логика.“

Раскажи ни повеќе за почетоците во дигиталната индрустрија и како Brainster се најде во оваа твоја приказна?

Кон крајот на 2016 година се почесто почнав да слушам за маркетин активностите кои се извршуваа online: Facebook Ads, Google Ads, AdSense, Analytics, Content writing, YouTube marketing, Shopify, WordPress, SEO итн. Почнав многу да читам и да истражувам за дигиталниот маркетинг и заклучив дека оваа индустрија е се подоминантна на пазарот, нуди многу можности, а и бара многу работа и труд, секако и постојано учење. 

По некое време, дознав за Brainster и почнав се почесто да ја посетувам веб страницата и да ги читам објавите, забележав дека се запишуваат луѓе кои ги познавам, се консултирав со нив и откога ми го раскажаа нивното искуството и знаењето што го стекнале на Академијата, се запишав и во ниту еден момент не се покајав за се’ што го научив и искусив.

Како се одлучи да го започнеш проектот Ride24mtb? Со што се занимаваше и каде работеше претходно?

Пред да започнам со Академијата, донесов одлука дека ќе ја напуштам работата во Вработување.ком, компанија со одличен менаџмент, но сепак побитно ми беше да создадам нешто свое на кое ќе можам да се фокусирам и да градам нешто што комплетно ќе ме исполнува. Часовите на самиот почеток ми се чинеа комплексни, но со постајано учење и следење на примерите од инструкторите, кои се пред се’ големи професионалци во тоа што го работат и се премногу посветени на студентите, се стекнав со вештини и знаење кои ги применувам секојдневно на проектот Ride24mtb.
Како најголем предизвик би можела да го одвојам Хакатонот на кој што учествував, организиран од страна на Министерството за Финансии во врска со наградната игра „Мој ДДВ”. – интензивна работа на реален проект во краток временски период и одлично стекнато искуство.
Brainster дефинитивно ги исполни моите очекување и што е најбитно ме поттикна да размислувам out of the box, да ги гледам работите на поинаков начин. Исто така она што е најбитно ме научи дека за успешен бизнис не е потребен само добар производ, туку и добар маркетинг.

Што е Ride24mtb и како она што го научи на Академијата ти помогна да го развиеш во она што е денес?

Ride24mtb е информативен веб портал исклучително за Mountain biking (Enduro, Downhill, Dirt Jumping, Freeride, Trails) позициониран за USA и Европа.
Приказната за Ride24mtb ја започнав во Ноември 2017 година, на почетокот се изгледаше така лесно, но сепак тековно се соочував со многу предизвици. Постојано учев нови работи, пробував разни техники и тактики, многу од нив непознати и сфатив дека целата оваа приказна за да биде комплетна потребен и поразличен пристап во работата, за кој немав знаење и искуство.
Идејата за Ride24mtb е да ги привлечеме сите ентузијастите, со цел да ги информираме за mountain biking културата, да мотивираме да се приклучат на оваа заедница, а воедно и да ги привлечеме да купуваат производи кои се достапни на веб страната.
Brainster ми помогна со тоа што ме научи е како да направам стратегија за да пристапам на пазарот, како да се позиционирам и диференцирам на пазарот, како да таргетирам правилна публика и истата да ја задржам како постојан потрошувач и како да имплементирам активности кои ќе ми носат поврат на инвестицијата.
Освен тоа, ме натера да верувам многу повеќе во она што го работам, да се чувствувам сигурно во секоја преземена акција и ме научи како да се разликувам од другите бизниси од истата индустрија.

Има ли нешто што би им го препорачала на оние кои размислуваат да започнат ваква кариера?

Најпрво би сакала да им препорачам на сите оние кои сакаат промена на кариера или започнување на нов бизнис, да не се плашат од промени и да се запишат на Академијата за дигитален маркетинг, бидејки дефинитивно има што да научат.
Најважно од се’ е да се фокусирате да излезете со максимум знаење и никогаш да не се откажувате. Ако сакате да бидете добри маркетери, работете го тоа со страст и цел да бидете одлични, никако просечни.

Погледни ја програмата на нашата Академија за дигитален маркетинг, аплицирај денес и резервирај го своето место!

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

10 Компании. 100 Студенти. 1000€ Ваучер.