При креирање на платена реклама на Facebook, има многу квадратчиња кои треба да ги штиклирате, со уште позбунувачки прашања како: Дали ги таргетирате вистинските луѓе? Дали димензиите на сликата која сакате да ја употребите се добри? Дали го избирате соодветниот начин на рекламирање за вашата цел?
Сите овие прашања може да бидат многу збунувачки и креирањето на Facebook реклама да изгледа како најтешкото нешто што треба да го направите. Затоа јас одлучив да дадам неколку совети и водич чекор-по-чекор.
Избор на соодветниот едитор
Facebook нуди две опции преку кои може да се креираат реклами и кампањи, тоа се: Power Editor и Ads Manager.
Во овој водич внимание ќе обрнеме на Ads manager.
Дефинирајте ја вашата цел
Ads Manager е креиран на таков начин за да ве води низ целиот процес, а првиот чекор е да ја дефинирате вашата цел, што сакате да промовирате.
Имате 9 различни „Objectives“ кои вие можете да ги одберете, во зависност од тоа дали сакате да ја промовирате вашата фан страна, да поттикнете луѓето да ги гледаат вашите видеа и слично. Со овој прв чекор вие му давате на Facebook што сакате да постигнете и којата е вашата крајна цел.
Да речеме дека вие сакате да го зголемите бројот на луѓе кои ќе ја посетат вашата веб страница, па во тој случај Facebook прво ќе побара URL кое води на страницата која сакате да ја рекламирате. Вашето URL ќе го внесете каде што покажува црвената стрелка, и нормално сето ова е многу едноставно.
Откако ќе го внесете линкот од вашата страница ќе ви се појави следната слика каде што:
1. Facebook ќе ви даде опција да креирате пиксел за вашата реклама
2. Ќе го покаже името на вашата кампања
3. Ќе го даде копчето за да оберете буџет и публика која сакате да ја таргетирате, што е вториот чекор за креирање на реклама.
Пикселот ви овозможува да следите што се случува на вашата веб страница, со тоа што се поставува во кодот на страницата и имате информации – што корисниците најмногу кликаат и слично. Треба го инсталирате на вашата страна и доколку сакате да го користите ви препорачувам да кликнете на копчето „Learn More“ и да прочитате повеќе што се можете да постигнете. Сепак тоа многу повеќе е користено од големите маркетери со долгогодишно искуство, за почеток не ви е толку потребно.
Изберете ја вашата таргет група или публика
Откако ќе преминете на вториот чекор за да изберете таргет група и буџет, ќе ви се појави следното прозорче, односно „Ad Set“.
Ако ова ви е прва реклама на Facebook и уште сте почетници во оваа фаза, најдобро би било да експреиментирате со различни опции за таргетирање, се додека не ја постигнете онаа целна група која најмногу ќе ви одговара.
Facebook за да ви помогне каде да го насочите вашиот фокус, ви дава алатка „Audience Definition“ што ја дефинира вашата таргет група и ги оценува вашите критериумите за таргетирање. Исто така ви ја покажува оптималната бројка на таргет група, која би можеле да ја постигнете со избор на овие критериуми.
Доколку се двоумите што да одберете помеѓу поспецифична публика, наместо поширок спектар на публика, повторно размислете која е целта која сакате да ја постигнете.
Ако сакате да поттикнете повеќе сообраќај на вашата страна, фокусирајте се на оние луѓе кои знаете дека ќе бидат заинтересирани од тоа што вие го нудите. А, ако сакате да поттикнете фокус на вашиот бренд или пак да промовирате некоја одредена понуда која може да опфати широк опсег на корисници, слободно фокусирајте се на по општа таргет група.
Facebook ви дава можности при одредување на таргет групата да изберете неколку фактори, како:
• Локација
• Возраст
• Пол
• Јазик
• Детално таргетирање
• Конекции
1. Деталното таргетирање ви помага при избор на пофокусирана таргет група, каде што може да наведете кои се интерсите, хоби и слично на таргет групата.
2. Конекциите пак ви помагаат доколку сакате да таргетирате луѓе кои ги посетиле вашите настани, се пријатели на некој кој ја лајкнал ваша facebook страна и слично.
Дефинирај го твојот буџет
Facebook им нуди на маркетерите опцијата да изберат дали сакаат буџет на дневна база или за целиот период на траење на рекламата. Што и да одберете ве советувам да не вложувате одеднаш голема сума на пари. Прво истестирајте која таргет група, слика, текст итн. ви дава најдобри резултати. По оваа т.н. тест фаза можете да инвестирате поголема сума на онаа комбинација која дава најдобри резултети.
Следното што можете да го направите е да одредите почеток и крај на рекламата, или доколку сакате можете и да ја поставите да оди од тој момент па се додека не ја откажете, во континуитет. Но ви ја препорачувам првата опција.
Facebook цело време се стреми да ве води низ процесот на креирање на реклама и да го олесни, па при оптимизација на рекламата ви препорачува да изберете одредена преференца.
За мене најинтересниот дел е тоа што со Facebook може и да се наддавате за цената на вашата реклама со тоа што имате и препорачана почетна цена за надавање, секако доколку сакате може да оставите и Facebook да ви генерира препорачана цена на вашата реклама.
Последните три точки од овој дел се многу кратки:
1. Кога Facebook всушност ви наплаќа, со што тука може да одберете два начини: според импресии и според кликови на вашиот линк. Ви препорачувам да го одберете вториот начин.
2. Начинот на испорака на вашата реклама – стандарден начин кој ја покажува рекламата во текот на денот(кој е и препорачан од Facebook) или забрзан начин што ја покажува вашата реклама најбрзо што може,меѓутоа на овој начин може и да ја изгуби целата поента.
Пред самиот крај треба да го внесете името на вашиот рекламен сет (Ad set Name), доколку сакате и сметате дека нешто сте испуштиле може да се вратите назад, или пак ако се е во ред продолжувате на следниот голем чекор, односно во најзабавниот дел каде што си играте со вашата имагинација и ја креирате надворешната страна на рекламата или сликата која ја прикажува вашата реклама.
Кога ќе притиснете на копчето „Choose Ad Creative“ влегувате во менито каде што треба да изберете слика за рекламата, текст и линкови. Бидете креативни во вашиот избор на зборови и фотографија.
Тука може да креирате нова содржина на вашата реклама или пак да изберете веќе постоечка. Доколку се одлучите да креирате нова реклама еве ги наредните неколку чекори:
Да го изберете текстот кој ќе го употребите:
Исто така слики и линкови кои ќе ви се појават на вашата реклама:
Не заборавајте да го изберете насловот, опис зошто корисниците треба да ја посетат вашата страна и секако линкот од вашата страна како крајна дестинација:
Доколку се одлучите да користите веќе постоечка реклама или објава која ја имате, еве ги гледните чекори кои треба да ги направите:
Одберете ја веќе постоечката објава која сакате да ја искористите, каде би требало да се појави и секако пред да ја објавите одите на копчето „Review Order“ за да ја прегледате целата реклама од почетокот па се до крајот.
Откако ќе ги прегледате сите информации, доколку има потреба можете да ја промените или пак доколку се е во ред да ја пласирате вашата реклама.
Ова се основните чекори, а доколку сакате да научите повеќе за ефективна реклама на Facebook, ви препорачувам да ja посетите
Академијата за дигитален маркетинг.