Разговор за едукација со инструкторите – Николина Цветановска

Николина Цветановска инструктор на Академијата за дигитален маркетинг, дел од Brainster заедницата и ко-сопственик на дигиталната маркетинг агенција Monday. Во месец на инструктори зборува што претставува за неа Brainster, формална VS неформална едукација и колкава е важноста за стекнување на дигитални вештини.

Главната цел и приоритет на неформалното образование e да ги интерира учесниците преку активна партиципација. Единствено така може да се оживотвори концептот на учење и да се стави во пракса. Неформалното образование е најдобра форма за стекнување реални вештини кај нас, неспоредливо со едноличните теоретски програми кои ги нудат факултетите. Процесот на учење треба во континуитет да се зголемува, а не да се намалува. Многу студенти мислат дека учењето завршува со завршување на формалното образование. Всушност, учењето токму тогаш започнува.

  

Мојата прва работа беше во Brainster. Почнав со пракса и паралелно ја слушав Академијата за маркетинг. Во меѓувреме имав можност да одлучам помеѓу работа „по струка“ или Brainster и одлучив да станам дел од  тимот на Brainster, бидејќи токму така изгледаше училиштето во кое сакав да работам. Прогресивната и инспиративна средина која владее во Brainster и е силно ориентирана кон стекнување дигитални вештини е она што континуирано ме мотивира да продолжам да пренесувам знаење. Убаво e да се биде дел од тимот на едукатори и да се гледаат толку луѓе како започнуваат нови кариери или напредуваат во својата област.

Тргнувајќи од сопствениот пример, не познавам подобар начин за стекнување практични вештини за толку брзо време и толку ефикасно. Без дистракции, една конкретна тема која ќе ти даде насока за повеќе кариерни избори.

 

Да се следи трансформацијата на студентите е незаменливо доживување. Чувството кога среќавам студенти надвор од Brainster и ми кажуваат кој, каде се вработил, или како сум помогнала на некој да открие нова кариерна патека – е непроценливо.

Моја многу драга колешка, после неколку години поминати во административна работа, без напредок, одлучи да смени кариера токму на Академијата за дизајн, на која своевремено јас бев координатор. Подоцна се сретнавме за соработка. Сега е една од најдобрите дизајнери кои ги познавам. Сметам дека многу таленти се поттикнати да излезат на површина, на секоја од Академиите.

Силно верувам дека никогаш не е доцна за нов почеток и нова кариера. Верувам дека нема подобри години за промена од сега. Важно е да се преземе ризик и многу да се работи. Кога решивме да започнеме со Monday, беше (и сѐ уште е) најголемата светска криза на нашето време. Решив да дадам отказ од сигурна работа и да ризикувам. Беше страшно и предизвикувачко, но истовремено најдобрата одлука што сум ја направила. Истото важи и за одлуката да се започне нова кариера.

Како инструктор научив колку брзо се менуваат работите во оваа индустрија и колку е ова еден реципроцитетен процес каде и јас цело време учам. Она што ми е најголем предизвик како инструктор е континуирано изнаоѓање начини најдобро да ги пренесам содржините на студенти со сосема различни претходни позадини, а притоа да ги поттикнам да ја искажат својата креативност на начин кој е за нив природен. Како едукатори ние треба да ги водиме студентите низ процесот. Не да ги тераме да репродуцираат факти или слепо да имитираат. Инструкторите треба да ги пренесуваат најдобрите практики, а притоа да ги поттикнат студентите слободно да ги изразат нивните креативни замисли.

Денес многу работи комплетно ја сменија својата форма, но училницата го има задржано истиот облик уште од средновековието. Ова беше времето кога мораше да се промени, и ние сме носители на тие промени. На новите генерации веќе одамна им беше тешко да го издржат седењето во клупа по 7 часа на ден, слушајќи предмети за кои воопшто немаат интерес. Од друга страна работата во канцелариите стануваше се понепродуктивна. Сметам дека иднината им припаѓа на виртуелни училници и канцеларии.

Моето секојдневно работно и практично искуство во маркетинг ми помага многу во предавањата, бидејќи она што го предавам на часовите е дел од услугите кои ги работиме за клиентите во Monday. Конкретно јас го предавам практичниот дел од Lead Generation – изработка на лендинг страна и email маркетинг. Спремањето за часовите ми помага да откријам нови опции и можности и во целост ми се поклопува со работата.

Во слободно време сакам да читам. Студирав литература и сакам да поминувам време во читање. Без разлика дали станува збор за онлајн статии, класични дела или критики, секојдневно наоѓам нешто што ме инспирира. Во моментов го читам Yuval Noah Harari и топло ги препорачувам неговите книги.

Уписите за Академијата се во тек, резервирај си место тука!

Related Stories For You

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА