Dream Team е тим на студенти кои покажале особен успех на Академиите во Brainster. Тоа се студенти коишто го освоиле месецот! За да се биде дел од Dream Team-от, еден Brainster студент треба целосно да се посвети, да биде активен на предавањата и уредно да ги завршува зададените задачи од страна на менторите. 

Секој месец избираме по еден студент од секоја Академија – студент што се истакнува како најпосветен и најупорен, и како таков ќе биде дел од Dream Team-от.

Напорната работа секогаш дава добри резултати. Запознајте ги нашите Dream Team студенти за месец мај:

 

Атанас Русевски – студент на Академијата за графички дизајн


„Отсекогаш сум бил љубопитен да учам како функционираат работите и кој е процесот за да се стигне до одреден производ, а во графичкиот дизајн за да се постигне целта, постојано мора да вршиме целосно истражување во таа област.
Најинтересната работа што ја имам научено на Академијата за графички дизајн е начинот на истражување за одреден брифинг од страна на клиент. Бидејќи така дознаваме како да ги постигнеме посакуваните резултати со кои би биле задоволни клиентите.

По завршувањето на Академијата, моето очекување е полесно вработување како графички дизајнер. Работата на реалните проекти и комуникацијата со клиенти за време на Академијата, мислам дека сите нѐ спреми да почнеме со работа. Омилени инструктори имам повеќе бидејќи сите ни пренесоа огромно знаење, но ако мора да биде еден, тогаш сигурно е Бане. За 5 години се гледам во некое дизајн студио или пак како дел од некој поголем тим, или па можеби и ментор.. 🙂 “ – ни кажа Атанас

 

Денис Зибери – студент на Академијата за програмирање


Постојано да учам ме мотивира потребата да дознавам нови работи за оваа професија и општо за сѐ она што ме интересира. Исто така, ме мотивира и фактот што ова е една многу динамична професија во која постојано се учат нови работи кои навистина ги стимулираат моите желби за потрага по нешто ново. Најинтересната работа што ја имам научено на Академијата за програмирање е менаџирањето со база на податоци и структуирање на истите. Начините како на “user-от” да му овозможиме да складира валидирани податоци во истите. За мене можам да кажам дека базата на податоци е срцето на една апликација.

По завршувањето на Академијата, моето очекување е да можам да го искористам максимално знаењето стекнато од  Академијата и да добијам правилен правец на размислување во светот на програмирањето. Секој инструктор поседува и нуди огромно знаење со кое можеме ние студентите да се пофалиме, но ако морам да одберам еден, најголем впечаток ми има оставено Ивица. Пристапот кој го има на решавање на претходно предвидени проблеми кои можат да се појават при пишување на код, сметам дека е едно големо школо за мене и ќе ме следи низ целата моја престојна кариера. За 5 години би сакал да бидам developer кој може да се пофали со солидно портфолио позади себе, и секако повторно да учам нови нешта. “  – ни кажа Денис

 

Игор Димовски – студент на Академијата за Software Testing


„Software Testing е динамично поле во IT светот коешто бара голема посветеност и континуирано учење со цел да бидеш компетентен и во тек со новите технологии. Успехот и желбата за знаење се мојот мотив. Користење на SQL-queries за екстракција и сортирање на податоци од различни дата бази беше нова и интересна работа која ја научив и верувам ќе ми користи во иднина. По завршувањето на
Академијата за Software Testing очекувам да излезам со солидно знаење и искуство од реалените проекти, со кои би можел да започнам и изградам кариера во возбудливиот свет на QA-engineering.

Имав прилика да слушам предавања од Моника и Андреј, кои ми оставија позитивен впечаток иако имаат различен пристап кон предавањето. Моника на одличен начин го споделува нејзиното знаење и секогаш е on-point со стручни термини коишто се есенцијални да се знаат во областа на QA. Додека пак, другарскиот пристап на Андреј ни го направи неговиот модул – објектно ориентирано програмирање, лесен и интересен за совладување. За 5 години би сакал да сум QA automation engineer.“ – ни кажа Игор

 

Кристијан Спасовски – студент на Академијата за Data Science


Карактерно сум љубопитен, па чувството што ми се јавува кога ќе научам нешто ново ме мотивира константно да се надградувам. Најинтересно на Академијата за Data Science ми е што секој од модулите кои се учат е посебна наука во која може многу да се напредува. Моите очекувања по завршувањето на Академијата за Data Science се да се стекнам со доволно фундаментално познавање на Data Science за да можам понатака да се усовршам во една од многуте гранки. Како омилен инструктор би го издвоил инструкторот Марјан Пушев. Имам многу желби за иднината, а една од нив е да станам Senior Machine Learning Engineer.“ – ни кажа Кристијан

 

Петар Поповски – студент на Академијата за UX/UI дизајн


Најмногу ме мотивира надградувањето на моето знаење и решавањето на проблеми, а исто така, интересно ми е да си задавам самиот предизвици и да видам до каде е мојот лимит. Најинтересната работа од целата Академија за UX/UI дизајн  ми беше искуството на реалните проекти кои ги имавме на хакатоните. Научив многу за тимската работа и како би се одвивал процесот понатаму кога би се вработил.

Очекувам знаењето што го стекнав на Академијата за UX/UI дизајн да го претворам во успешна кариера во мојот живот. Најголем впечаток ми остави Јане, со него научивме голем дел за UI и зацврстивме делови од UX сферата кои ни беа нејасни. Голема улога имаа скоро сите инструктори, исто така, големо знаење добив и од Барбара и Димитар за UX, Златан ни помогна со UX I UI и Мартин во делот за UI. Во наредните години би сакал да ги зацврстам знаењата во двете сфери на UX и UI, да ја постигнам потребната брзина за работа, исто така и да искусам нови искуства во тој процес на учење.“ – ни кажа Петар

 

Христијан Зафировски – студент на Академијата за дигитален маркетинг


„Колку и да звучи клише, желбата да бидам подобра личност утре од тоа што сум денес е главниот двигател на мојата надградба. Имам искреирано некоја визија за себе некаде во иднината и активно се трудам да го постигнам тоа.
Академијата за дигитален маркетинг ми потврди дека никогаш во животот не треба да сме задоволни од точката која сме ја достигнале во кариерата, бидејќи секогаш постои простор за некое ново и интересно искуство.

По завршувањето на оваа Академија очекувам да имам одлична, потполна и сигурна основа, како и елан за понатамошно усовршување на дигиталниот маркетер во мене. Инструкторите од коишто имавме можност да учиме се несомнено, вистински професионалци, секој во својот домен и модул. Секој од нив се води по последните трендови во оваа област и несебично го пренесува своето знаење на креативен начин. За 5 години се гледам себеси како иновативен дигитален маркетер кој секоја компанија би посакала да го има. Или пак, да имам своја сопствена маркетинг агенција, зошто да не?!

“The little known facts” за мене кои би изненадиле и многу мои блиски се: тоа дека пред да ја откријам љубовта за маркетингот се замислував себе како стоматолог, зачитувам неколку книги одеднаш и правам одличен кадаиф. 🙂 “ – ни кажа Христијан


Ова се студентите кои покажуваа ентузијазам, иницијатива и пронајдоа нови начини да бидат инволвирани за време на заедничките активности. Со видна креативност и самодисциплина, ги користеа своите инстинкти за совладување проблеми независно, но и покажаа конзистентна соработка со инструкторите и останатите студенти. Останаа фокусирани на сè што им беше зададено, при што покажаа и транзиција без проблем помеѓу активностите во Академијата и надвор од неа, а исто така, останаа и посветени за достигнување на нивниот потенцијал. Нивните проекти и задачи ги извршија комплетно, уредно и со неверојатна организација со што ги надминаа и нашите очекувања.

 

На крај, сакаме да им кажеме фала на студентите од Dream Team-от кои ни овозможија да го извршиме нашиот дел како ментори, бидејќи иако нашата работа е да создадеме средина погодна за учење, вие создадовте средина погодна за предавање.

Уписите за Академиите се во тек, резервирај си место тука!

Биди дел од иднината и соработувај со Brainster преку платформата за иновација.

Имаш потреба од талентиран кадар за твојата компанија? Вработи студент преку нашата платформа

 

 

Како до 1.000.000€? 🤫